Денес, преголема желба за слобода, бескрај.Поголема од тоа чувство дека е петок.... проширени граници, машта и вода. Идеал, спонтаност и променливост. Ах нептун
Додека го подготвував јадењето кое дедо ми најубаво го приготвуваше, ме потсети на него и на тоа дека тој ме научи да го подготвувам. Единствено на мене ми ја кажа тајната состојка, која ја става во јадењето за да биде превкусно. Тогаш мислев дека поради тајната состојка е превкусно, ама подоцна сфатив дека тој готвел со премногу љубов и дека тајната состојка е само спореден фактор. Никогаш нема да го подготвам јадењето да биде толку вкусно како што тоа го правеше ти.
Еден од оние денови што не сакам да завршат. Нека ги има почесто. Потребни ми се одвреме навреме. Потсетуваат дека животот е убав.
Отворив на нет да читам за проблем, поточно ситуација на работа која прави да не знам како да се чувствувам, недефинирано, несигурно, некој си игра со мене или се е во мојата глава? Ми даваат паметни совети или сопки? Сијаличкиве што светат се црвени за опасност или зелени? Вака збунета не паметам последно кога сум била а се сметам за возрасна и искусна И...ко што реков, отворив на нет да барам одговори пошто на луѓево околу мене не им верувам а интуицијата помешана ми е со страв и паника и поима немам. Како што и очекував на нет едни исти стандард текстови ко препишувани еден од друг, бла бла...се додека не налетав на еден кој го читав полека и со отворена уста пошто беше ко да некој бил буквално до мене низ годиниве ден за ден и да знае точно што мислам и што чувствувам. Запрепастена. Во еден текст си ги најдов сите одговори и сега ќе си го зачувам за век и веков Толку.
Никако да сфатат дека она што го расипува човек, е тотем кој не сакаат да го видат. Плус умотан во неколку слоеви од нивните слабости , како банана. Со пиење чај и летање во облаци не се решава се'
Први октомври. Нов месец, нов викенд, ново не знам што, ама некако сеедно ти е кога ќе се разбудиш во 6 сабајле како човечка расипана лента, заглавена на "праша ли Тинке мајка ти џанам." И изнервирана мачка што со едно нокте виси од корнизите - она фучи позадинска музика, ти пееш додека ја откачуваш висечката мачка, синхронизирани најдобри другарки. Да не се залажуваме, песната победи. Уште не можам да ја извадам од глава. Што убав ден за распевање. Ај сега да поработиме уште малку.
И нова книга и нова сезона од серијата почнувам. Фино вака кога синхронизиран ми е почетокот и крајот и на едното и на другото. А не темпирав така ама така испадна.
Многу си се сакам кога ги сечам сите канали на комуникација со луѓе нелуѓе. Игнорирањето е пола здравје