Денес се случи нешто необично, една блиска личност изреагирала многу чудно, језиво кога го видела соседот во дворот, а тоа пред очите на сопругот. Тој беше многу нервозен, а јас се загрижив...Се надевам и Бога молам да не е тоа што мислам, предвидувам...
Го видов Мице во Гтц. Ни се сретнаа погледите. Ко шо ме дал госпо не видов дека е тој, да не ми застанеше обезбедувањето меѓу нас, ќе го потчукнев. Филмски. Касно палам инаку ќе се сликав, да ми љубоморите. @KateKane @Celltica @Ahoy @staycalm @GirlRose
Денес падна првиот снег во мојот град Ќе излезам посакајте ми среќа да го поминам денов без скршеници.
Требаше да е полајт... ЦУРАЦ лајт. Ама врв на денот ми беше: Излагам од кола, носам дрва, ставам тава за ручек, оставам дрва, палам огин, ставам помфрит, соблакам дете, носам уште дрва, се преоблакам, ставам ракија, ми ѕвони тел: шо прајш бејб? -еве .... лежам.
Да не беше муабетот со колешка по тел саат време, сеа ќе бев на многу позаебано психичко ниво. Како пола терет од глава да ми го зема, само зашто во исти г.мна сме и ме разбира. Стоев под туш дур цела топла вода не се потроши. И тоа и те како помогна. Утре ќе е лудило пак. Ми фали едно квалитетно гушкање сеа и -нема нешто што ти не можеш да го издржиш стоечки, да ми каже некој. А јас пак ќе сум насмеана ко секад... јер нели... круната ние ја имаме .
Маникир и наочари за сонце од 190ден. ми ја оправија неделава што изминува. Се чуствувам нормално, капак на се' друго. Па и за тоа не знам што да мислам. Океј, супер е да си загрижен за ствари како грото народ, ноо... не знам, човек како мене има поголеми проблеми нормално. Не знам што ќе направам ако не го добијам е*аното унапредување. Утре ќе биде син ден.
Денес.. Почна чудно, со неочекувана покана за видување од некој што воопшто не би очекувал. Отидов, нормално... иако нерадо, ама морав, имав чудно чуство дека морам. Седев, подзинат, седев и слушав. Муабет што се кажува можеби еднаш или два пати во животот. Некој ни еднаш нема да го слушне. Цело време во себе се прашував, зошто Јас? Прашав, може ли да размислам, барем ден-два... Отидов, ама само на две минути од таму седнав во најблискиот локал. Иако на работа, порачав нешто жестоко, цигара, малку мир, да размислам убаво. Остатокот од денот во магла. Сега сфатив, уште не сум јадел, од возбуда Денов ќе трае сигурно уште два дена
Завчера завршив најголем дел од обврските што ми тежеа со месеци и повеќе, вчера се обидував да се стабилизирам, а веќе денес не знам што со себе. Не сакам пак ама сакам уште! Ама не овде...
Денес се запрашав- Што се занесувам бе јас!? Абре клин се клином избија, мисли на себе, будало. И така одамна ми е пукнат филмот. И... така и би. Со здравје!
Денес беше ден за мене Денес сфатив колку сум се прибрала и колку сакам да нема повеќе турбуленции, туку мирно да си терам. Денес го пиев најубавото еспресо Јес да вечерва требаше да ми е позабавна ама си направив салата и ќе си пуштам филм