Денес пак бев во еден град што многу го сакам, и тоа на службена свирка Нема поубаво од дружба со млади луѓе, горди на тоа што го работат! И вчера бев во градот што го сакам. И во понеделникот. И секој ден да одам нема да ми здосади. Си ја сакам работата, многу си ја сакам! Ме има споено со прекрасни луѓе! А после свирка, кафе со прекрасните луѓе! До душа, еднина е подобро!
Денес повраќав, се плашев како ќе поминам на испрашување цел ден, бев во Југотон, таксито и назад дома. Учев, јадев. Денес се чупав, решив да не одам пак на француски. ...и денес ќе го видам повторно.
Денес ми извадија здрав заб и сега многу ме боли цела вилица. И да конечно, моите фиксни ке се најдат на моите заби наредната среда дали да плачам или да се смејам незнам...
Си ја ставив на дрво конечно мојата мартинка,но како што ми стои желбата што ја замислив ми се скрши истиот ден ....
денес ми дојде на гости колешка од факс и преубаво си поминавме. Со саати зборувавме, како да сме голтнале грамафонски плочи.
Денес, уште од станување, комплетно се предадов на римското право. Се чудам зошто, ама секогаш кога ќе го спомнам римско тука на форумов, некако си олеснувам сама на себе. Го споделувам моето страдање. Тупење е ова факултетов.Тупење