си се мразам себеси поради менструацијава ептен лошо ми поминува овој циклус.. и таква сум намуртена и сите ги мразам
Станав во 12 Го наместив мојот и креветот на сестра ми, миев садови, сварив супа па пиев кафе сама Бришев прашина, пуштив правосмукалка и и спржив јајца со кобасички на сестра ми. После имав другарка на кафица па и со неа пиев. Тапа ми е денов, имам менструација и се ме нервира
Денес ставив крај на маките и плачливите денови. Ја избрав подобрата страна, ја сокрив искрената љубов што траеше четири години и горда сум на одлуката. Горда, среќна и со двете раце горе.
Денес сабајлето бев в црква. Па потоа во уште две црквички (низ Варош, не ни знаев дека постојат и се отворени) од 14ти век! Потоа, во дворчето од една црква пиевме кафе (езерото го гледав од една друга перспектива и беше прекрасно!) Потоа дома, појадував. Па легнав да спијам (3 и пол сати се сторија). Не отидов на плажа, дуват А од дождот се оладе и водата. Ручек. Зачистување низ дома, идаат пријателите на моите од Русија. И така
денес...станав у 10, мајка ми ја беше поставила масата-па појадував, па пиевме кафе, се капев, и излегов на мала шетња и на крај кај другарка на кафе (ми фалеше вакво кафе, сами јас и таа) и сега дома, мајка ми направила ручек, ручавме и јас на пс...цел ден не земав работа у рака... ајде мамо да ми си жива и здрава, и да ни се трупат вакви денови, кога јас мрзеливо и ненаспано не можам да се натерам да станам од удобната фотелја, а ти со голема љубов се моткаш околу мене
Денес е убав ден. Станав малку покасно од планираното, но барем убаво се одморив. Една многу мила личност ми го направи денов посебен. Денес сум полна со енергија и сакам да ја искористам што подобро.