денес... денес си отиде мајка ми..... затоа ве молам сакајте си ги мајките и чувајте си ги.... зашто јас веќе нема да можам ... скршена сум....
и денеска како и секој ден спиј стани иди на компјутер после јади па у кревет пред телевизор па после стани јади па пак легни си па пак јади па на компјутер и ојде денот
Ќе ја читам Храпешко, од Ермис... Ќе запловам пак во факултетските навики, ми недостига тоа. Ќе си го гушнам мешето, што натунтано од празнична храна, и покрај храбрата борба, вчера и денес се предаде Готвење лесна храна, слушање She will be loved на радио и ѕиркање низ прозорец како мачките си ги предаваат првите невиности. Три дена пост од кафе, сакам да се будам со очи како минуси, а не ококорена, можеби и затоа сега имам такви непријатности мешеечки. Денес ќе му пратам порака кога најмалку ќе очекува. Ќе отидам на работа и ќе завршам се’ што треба, само за да се чувствувам корисна, потребна, да си го заработам лебот и патувањето во Париз. Ќе се насмеам. Зошто така треба да биде секое патување што почнува од утрото, а завршува којзнае каде.
Ќе одам пеш на работа. Со слушалки на уши, ракавици и капа, ко турист во сопствениот град. А да, денес денот ми е ултра засмеан, заради една будалетинка на Твитер. Напишал: Ja da sam žena koja se pali na Čolića čitao bi mir jam, i kada plivam ne bi kvasio kosu nego bi onako izdužio vrat.
Денес заминав во ботаничката градина, посакав да видам тоа што можам само да го замислам. Воздухот беше влажен, температурата висока, во одделот кај тропските растенија, астмава ми проработе веднаш. Ама издржав до крај и смирено си ги погледав и опипав сите растенија. На враќање видов човек паднат на сред улица, и луѓе го покриваа со ќебе, додека тој лежеше сосема олабавено, и само го приметив како трепка успорено. Ми се заврте мисла дека не сум спремна за нови загуби во животов. Одкога ја изгубив мојата надобра другарка неколку дена пред да наполни 18 години, бев лута на Бога.. и прекинав да верувам во нечие постоење, ама денес влегов во катедрала и седнав и се помолив за првпат после толку долго време.. за себе и моите, и за луѓето околу мене, и имам чуден мир..
Денес сум баеги срекна. Моите најдобри другари ке ми дојдат на гости и ке запознаат една личност кој не баш официјално ама сигурно ми значи нешто во животот.
Е петок, а јас мислев дека е четврток. Два дена немав излезено од дома, го мразам времево, а и работев, само на тоа мислам, толку се занесов што изгубив осет на време.
Денес е петок убав ден ,немам ништо испланирано ,посакувам да го поминам со гости а потоа и во шетање
Е убав снежлив и помалку ладен ден,зависи од чизмите јас поминав добро со оглед на тоа каде се не згазнав
Само што влегов во темава и сакам да напишам дека Денес ми се оди на шопинг, го слушнав познатиот тон за нова порака на чет на фб. Одам да видам и гледам порака од туристичката агенција со следнава содржина: Shoping tura - Solun !!! Termini : 04.02.2012 i 11.02.2012 Ne propustajte !!! И ми дојде да си заплачам. Сакам пак, пак и пак. Знам дека ми помина редот, ама ми се оди на шопинг. Денес или утре сеедно. Нека ме земе некој, ветувам дека ќе бидам тивка и мирна...
Денес е пензионерски ден така и ќе го поминам, во одмарање! Доволно беа кафиња и шопинзи деновиве, немам сила веќе, а ни пари богами!
Денес за време на пауза приев топло чоколадо со него во КК, додека снегот паѓаше, а тој ми ги топлеше рацете. Обожавам кога денот ќе ми почне убаво. Обожавам кога заедно ја поминуваме паузата