01:37 Понеделник. Понеделнички се откажувам од цигарите. Знам дека ќе биде тешко и со многу неуспешни обиди, но веќе е редно време да ставам крај. Да спречам разочарување у околина, и првенствено колетерална штета за мене. Не сакам да избива ќумур од мене, а и кога некој ќе ме праша зошто го правам тоа.. занемувам. Немам причина, а имам потреба. Онаа навика, али за секоја навика има одвикнување. Така да на тој пат. Понеделнички започнувам здрав живот, уствари здрава исхрана, појќе витамини во организумов и циркулација на крвта ми треба. Започнувам некои вежби, собава си ја преуредувам у фитнес сала и лепам некои мотивации по ѕидови, си повторувам реченици и си правам монолози, гласно. Понеделнички расчистувам прав пред мене. Решив да им простам, да се извина и заблагодарам. Доста го носев орденот за гордост, бидејќи истиот не ми донесе радост. Разочарувања на кубен и затварање у себе. Ама еве од денес нема да биде така, верувам, можеби.. Сакам да ги обновам и разгорам старите пријателства бидејќи ми се потребни за ми ја разбијат оваа досадна црно-бела фотографија, но морам да ги задржам и сегашниве. Истребив некои, но се покажа и тоа како грешка. Па сеа истата ја филувам и декорирам. За понатака.. друг ден..
Кај живееш да ти дојдам на гости? Бај д веј, и јас најверојатно ќе останам претежно дома и ќе уживам и програмирам на моето лаптопче. Ќе излезам само на кратко да подигнам добивка од спортска пошто добив вчера. После до банка ќе свратам на кратко да си ставам капитал на дебитната картичка за електронско купување, онлајн коцкање и така... ќе имам интересен ден.
Денес се трезнам од Св.Трифун...па јас си го празнував со мажот ми ....и сега ми се спие ,ми се плачеееее
Денес е роденден на мојот сакан и мил сопруг и денес е нашата годишнина од брак пред точно 1 година , на денешен ден го кажав моето судбоносно ДА
Срцка сега ти вртам да те расположам малку ајдеееее Инаку кај мене не само денес, скоро сите денови ми се кој од кој по перфектни! Од добро, подобро, најдобро! Само нека потрае..
Денес сум малку разочарана и побркана со мислите. Ќе морам утре да го средувам овој неред и да донесам одлуки за некој работи.
Денес како и секој ден ист шаблон работа-дома аххх не сум излегла со недели, а баш сакам овој викенд да се излуфтирам така малку да "откачам" да прошетам не дека е за шетање времево многу, ама баш онака добро би ми дошло до кафич да шетнам со либето на по една пијачка може и две, три... хехе или до диЗко да појдеме да поѕенѕаме малку па ајде здравје боже до вечер има време, а може и во 11 часот да го гушнам креветот Поздрав до сите феминки и имајте убав ден
Денес. Уште еден ден во низата бројни после непроспиена ноќ. И таквите ми се чини ми се почести од „нормалните“. Денес. Рече професорката резултати ќе истакнела. Е ај да видиме