Денес... их, убавини! Станав во 9, а тоа сонцето ѕирка низ прозорецот.. Убаво ми почна месецов. Уживав во појадокот, а потоа морав да ги повторам последните две лекции. Заминав на училиште..и не како секојдневно, овој ден беше посебен..смеа низ целата училница, дружење.....
Мислев дека ќе биде тензија ден, а практично се претвори во lingering. Одам вечер на женска збиранка, љубовта моја супер поминал на вожња, си мјаукавме и ноќва очекувам да паѓаат ѕвезди. Да паѓаат на подиум. Зошто треба јас да ги собирам и да си направам круна на главата!
денес денов ми помина ептен мрзливо и без воља за ништо,ама направив се што ми беше во план тоа е најбитно
денес ми дојде од се преку глава, и се испонашав доста кретенски. И сега ми е жал, ама тоа е, бидна веќе, барем колку грубо и да го кажав тоа што го кажав, го мислев секој збор!
Денес, ке ја видам сестра ми и конечно ке ја гушнам.Среќна сум за тоа конечно можеби денес ќе седнам и над книга
За денес имав многу планови ама ништо не испадна како што планирав... Цел ден бев насмеана а сега многу се растажив а незнам зошто
шетав цел ден и кога дојде време да се учи АЛЕСИ почна глава да ја боли да и се спие да и се лоши да и се мијат чинии да и се пегла коса да и се јаде да и се прави ручек за утре да и се врти по другарки да и седи на фемина на фејсбук да и се лежи со кучето и да го гушка ...уххххх више што тежок човек суммм бре??
Денес, како за недела - лежерен ден Се шуткав од соба во соба, и кога дојде времето за учење - се фрлив на чистење во соба, па преуредување, преместување... Се’ освен книгата да ја фатам.. Ја фатив - кога ја преместував и неа И ете ме, уште пред телевизор и компјутер. Тежок е овој студентски живот
Денес е ден кога целото време си го посветувам на самата себе и се препуштам на домашни третмани за разубавување,а може и да се изгледа некое добро филмче
Денес е убав ден. Кој шета, кој работи, кој учи, кој дома дреме и ништо не прави. Епа тоа последното сум јас. Ништо не правам, се надевам дека ќе ме пушти оваа тешка мрза. Навидум сабајле добив желба за учење, ама се напив кафе, свртев два-три телефони по другаркиве, си поправив муабет и ми помина.
Денес мислев дека ќе е сончево како вчера, па ќе имам изговор да не учам Сабајле бев на предавања, и денес како понеделник, решив дека е ден за почеток (како и секој друг понеделник), па ете јас ќе почнам да вежбам! Вечерта пак ми е резервирана со активност/вежбање/тренинг, и ОП време за учење нема
Денес станав на време и заминав на работа, со дечките се изнагушкав се изнаиграв со бебушево се наранивме ја испративме дада на школо и легнавме да спиеме со снежана и седумте џуџиња, сеа тој спие ја на фемина и фејсбук, потоа сум на роденден и вечер одам на вечера со мајка ми, брат ми и сестра ми да частам за дипломата
Облеков црвено, ставам слушалки на уши, и одам да го освојувам градот! Попладне одам на изложбава: http://daily.mk/cluster3/eb198b34e536e4 ... -vo-skopje Па кога е секси, нек е секси до крај!
Денес...ќе биде убав ден, ако се ослободам од ова глупо чувство што го имам Малку музика, малку кафе, малку разговор...и се ќе биде ок