Today.... was a total waste of makeup Безвезе поминат ден, дојде и си помина како ништо. Ништо корисно не направив, ми помина како низ магла... Се надевав дека ќе почнам да учам, ама од тој план ништо. Треба да се загрее столче Ама денот не е завршен Нека денес биде денот кога ќе почнам пак со вежбање. Мора да се поработи малце на фигурава, како пудинг сум растресена
Утрово си го деактивирав профилот на фејсбук..Бев во школо, се вратив..се исплачав едно убаво.. и тоа баш пред пола саат без некоја посебна причина ама едноставно не можев да престанам да плачам.. и тоаа
Денот после вчера, и пред утре... денес, навидум обичен ден, но сепак немирен, сончев но сепак тмурен, дождлив, валкан. И денес брзо ќе си одите, и утре ќе биде денес. Денес е нов ден. Утре уште понов. Утре нема да сакам да зборам за денес, и денес не сакам да зборам за утре. И така до бескрајност...
Денес Денес ни е термин ама по се изгледа нема да биде денес Како и да е .... кога тогаш мора да излезе бебулево
Со лесно нека ти е пораѓајот, па да ни се пофалиш какво ќе биде бебчето и да не почастиш по некоја мекица тука на форумов
Ајде кога и да биде, со лесно нека е Иначе денеска јас нема да одам во школо. И времево го мразам! Ако има сонце. Ме разболе.
Со лесно нека е!!! Јас денес ќе направам нешто кое не знам колку ќе ми користи и дали воопшто е паметно, но како и да е! Може па ќе испадне и голема работата на крај, никогаш не се знае
...ќе ги симнам сите летно пролетни чевлиња од највисоката полица во ормарот во ходник. Ќе и помогнам на мајка ми со раскопување на цветичите што планираме да ги садиме во саксии на балкон. Ќе си го чекам душекот да ми стигне на адреса. Ќе го соберам Иван постработно да пиеме лимонада на балкон и да ми раскажува промени. Ќе планирам достојна пијанка вечер низ чаршија или во Џубокс. Денес, петочна симфонија.
Денес е денот...Вечерва или ќе се збогувам со оној најмногу што го сакам, или ќе ми биде најубавата вечер во животот...Трето нема.
Денес е најзагреота ден во мојов живот. Денес сватив дека најдобриот другар ме искористувал. Денес дознав дека најдобрата другарка све кажувала на кој стигне. Денес ми го исклучија мобилниот ради неплатени сметки. Денес е убав ден а јас ќе седам дома затоа што денес ми откажаа за искачање. ДЕНЕС Е НАЈЗАРГЕОТА ДЕН
Ќе завршам со сите обрски за факултет, ќе побарам точак да изнајмам, ако не пешачката, ќе се видам со драги личности, одам на пивце..