Денес денот го поминав надвор во друштво на мојот најверен пријател- сестрами. Поради нејзин кикс се изнасмеавме до солзи и си ги продолживме животите. Заедно го спремивме и фамилијарниот ручек, па случајно се собравме и сите околу 16 и 20 на трпезата. Остатокот од денов незнам каков ќе ми биде...
Денес се заљубив во Париз...на втор поглед. Првиот не беше нешто посебно, можеби заморот си го направи своето, но овој вториот и што е најважно ноќен дефинитивно беше пресуден за Париз да ме освои. Црквата Нотр Дам е нешто неверојатно, нешто што ме остави без зборови, се надевма ќе имаме утре време и внатре да влеземе. Денес си терав француски баретка филм. Денес беше еден од поубавите денови.
Денес ми е именден. Денес ќе почнам со подготовките за екскурзија. Денес ќе се прошетам и ќе се подновам. Ќе биде убав ден, чувствувам уште кога мина полноќ.
Денес ја грабам саботата Колку убаво сонце,го сакам цел ден за мене. Прво на кафе,со другарка а успат и шопинг. Потоа ручек со љубовта а попладне релаксација на коктел со колешките од работа. Како да не го сакам викендот
Уживав во работното капучино со колегите мои. Сонував многу чудни соништа спиејќи полуоткриена, се додека не ме покри милиот мој, со шепот дека сум ги истуркала сите ќебиња долу. Мајка ми ми направи мерачки дочек и ручек домче со посно гравче, риба, нудли и салата. Тате ми прави пита за утре на работа. Даде и зет ми ми оставиле холандски вафли на биро, а јас дури сега ги забележав. Си ги јадам моментално. Денес ќе си ги гушнам другарките, ми недостасуваат. Денес изгубив усб, и сфатив дека сум тотален расеаник кога се во прашање такви ситници. Затоа имам и по една обетка од многу омилени, ми фалат пари константно, единствено точакот и шеширите ги чувам ко зеница во око. Денес врне тотално меланхолично, а мене освен нервозата пропратена со секвенци радост, ми вози во глава една песна: http://www.youtube.com/watch?v=96YQdiMV-Jc Денес е ден кој прокапе... Солзеше и остави аманет.
Пак ми се потврди теоријата дека сме Племе. Без узда и насока. Срамно ем жално. Ни пола век робје не може да не оправи, макар Англија не’ зароби.