Како го поминавте денот... Феноменално,бев на спортскиот аеродром, имаше мини изложба на макети, моделари, скокаа со падобрани...супер беше
Денес... Денес пак се успав... т.е недела е ама требаше рано да станам да учам...Пак спиев како хронично ненаспана... И во план ми беше да учам.Книга не фанав. За две недели испити имам. АЛОО СВЕСТИ СЕ ТРЕБА ДА УЧИШ! Два филма изгледав. Еве ме најде еве 9 саатот. Треба сега да одам да се бањам. И толку поминал денот. ФАК!
Денеска си ја упропастив косата Сакав да се префарбам да ја добијам мојата боја на коса ама испаднав многу темна
Денес некако ми се слуша глупа музика од типот на Бруно Марс и Кети Пери, се надевам нема да ме држи ова до крајот на денот.
^ Се надевам дека ќе ти помине, пошто не ќе да е на арно. Инаку јас денес сум најголемата мрза на свет, и беш ми е убаво.
Денес и плачев и се смеев во исто време. Се сеќавам на денот кога се запишав на факултет, ах како лета времето..
Денес полагав колоквиум и мислам дека нема да го положам. Но, нема везе тоа ќе имам пак шанса сега во јуни така да...
Не баш денес, вечерва ќе идам да пијам кафе од една курветина, не ради некое задоволство, пу пу, за жал колешка на дечко ми, па после неколку пати што го кани дечко ми на гости кај неа во студентскиот, редно е јас да и одам на работа на кафе, да ми направи едно кафе, едно сокче, да ме услужи како што е редот, и секако, да и упатам некој поглед, и доза иронија и сарказам! Мислам дека баш и нема да ме сфати девојчето, што е штета, но бар ќе има задоволство да искусе макар и од гледање како бакнува и милува мојот А. Ај сеа, одам да се разљепшам! Мња
денес ми се роди внуче најсреќна на свет и најбогатото внуче на свет е бидејќи верувале или не има 6 пара бабивци и дедовци кој знае колку тетки вујкови а небројани братучеди и братучетки па повелете на мекици
Како го поминавте денот... Денеска ама баш цел ден на фемина и секако фејсбук да не го заборавам тој е во секоја комбинација