Денес станав рано,се избањав се средив и (како) некоја будала уште во 9 саат искочив од дома. И купив на мама поклон, се изнасмеав со другарками, дома средив собата (ја преместив некако,сеа ми е чудна) сега се лакирав,и цела вечер сега ќе мислам на утре вечер
Денес цел ден не сум асално прибрана дома. Од десет наутро јас сум надвор, но барем убаво си поминав.
Денес станав уште во 5 часот, бидејќи бев на викендица и требаше нешто да и помогнам на мајка ми во средувањето. Од тука во 8 часот појдов кај дечко ми. Спијавме до 10 и пол. Јадевме, гледавме филм. Ме испрати. Пијав чајче и пак си прилегнав и спиев до 5 часот. Станав, се закачив на компјутер, јадев, се капев, се спремав, бев в чаршија (и си поминав преубо ), се закачив пак на компјутер и сега одам да спијам. Уф...
ај да пишувам прв пат во оваа тема, денес денот ми почна катастрофално, кога почна да се среди, пак се расипа... ова ти се вика баксузен ден
Денес сум на работа за да средам се што не успеав преку недела. Незавршени работи се лоша карма, така еднаш ми рече еден пријател.
Денес сум многу ненаспана,раздразлива и планирам цел ден да го поминам дома во пижами. Прво на фемина, па ќе гледам некој филм, па ќе спијам, па пак од почеток
Денес станав порано и планирам да си го исполнам денот со тоа што ќе идам на кафе со другарки на женски муабети, па потоа кога ќе дојдам дома ќе почнам да се спремам за вечерта
Како и секогаш....седам на фемина,ќе гледам телевизија,сакам да читам ама немам книга и можеби ќе одам на госто.Но забележувам дека луѓето повеќе сакаат да одат отколку да те поканат.Па добро бе мајка му стара што ќе биде ако еднаш викниш некој кај тебе,а не само ти да одиш!(извинете за оф топик)
Денес си станав раничко и многу било убаво по едно утринско кафенце со мајками , па малку рашетување, читање ..... па сега малку на нет , планирам и малку да посвирам на гитарата оти некако како прашина да е фанала , па почнав еден цртеж да го довршам и вечер рашетување малку , свирка .......
Немам пишано тука и еве прилика...Денес имав релаксирачки и топол ден во природа исполнет со шумот на реката и зелена боја(од различни дрва и трева)насекаде, пријатни луѓе.Убав излет во природните убавини на нашиот крај.
денес бев со сестра ми на ,,мини,, шопинг па кај дечко ми на гости, вечер ќе одам со другарка ми во кафиќ па после може во некоја дискотека..
Денес,се изнервирав за нешто не потребно. Денес правев муабет со него,ама мал Денес.. Сум среќна што ја имам неа за другарка. Да не беше она, хаос ќе ми беше денов