Денес добив "пофалба" од мајка ми дека сум многу здебелеана и затоа почнувам од денес со диета.. 2л вода на ден.
Денес добив желба да одам и да ги запалам овие од ЕВН, срамота невидена, 3мин има струја па се гаси и после нема 10мин, па пак 3 има Ќе се испорасипе се, а + што неможеме ни ручек да направиме, ни перална да заврши , ни болјер да се наполни ахххх Да се вака фини кога ќе им задоцниш со плаќање, па да ги трпиме со нивните испади А и ова времево на сите маки, денес најде да грми и врне
Никако не ми е досадно како на повеќето од вас.... Напротив овие први денови од расустот покажуваат дека лотово ќе биде незаборавно Спојлер Fuck yeah
Ми почна денов у 4, мада претходниот го завршив во 3. Па, денес ми се чини најдолгиот ден у животот. Битно изгледав се живо и диво што имаше на тв. Одамна немам толку работи едно по друго гледано. Интересна програма имале телевизиите. Особено емисии. Просто да си цркнеш од мака што не можеш да спиеш
Денес ми е убав ден на работа-сервис декодирав тел.продадов,на еден дедо цреши му дадов да се освежи со комшикиве се кафетисуваме,благце си каснавме ма денес ми е убав ден да
Денес ми е најглупиот, најдосадниот, најтажниот ден во животов. Ми започна во 6 ипол по автобуси, факултети, брканица со професори за оценка. Од 11 па до сега не сум мрдната од дома. Ако не излезам за скоро ќе побудалам, а ако излезам ми е страв дека можам да направам кавга за ништо со другарките зошто не сум деновиве во ред, се ми смета, нервозна сум и тоа многу. Ми треба алкохол
Од денес официјално започнува мојата летна програма за одржување на моето тело во форма.Така,од денес секој ден ќе вежбам (или ќе пешачам) околу пола саат-саат (да се надеваме).Епа девојки,држете ми среќа
Денес на вежби, цркнавв.. прв пат толку да вежбаме, сепак знам се исплаќа Tака и велат, без труд неможе ништо да се постигне