Како го поминавте денот... Денот си го поминав многу добро. Најпрво си ја испратив братучедката на автобуска. Си отиде. А потоа со сестра ми и со дечко ми отидовме до Кочани. Имав заштедено некој денар, па решив да ги потрошам и да си се подновам со нешто. Иако беше многу топло, сепак станува збор за шопинг, така што искрено не ја ни почувствував топлината. Дури и заборавив на неа, разгледувајќи и пробавајќи разни парчиња облека. Се на се, презадоволна сум од шопингот. Сега уште малку пак ќе се видам со срцето мое. Ќе одиме на кафе или палачинки. Па така слободно можам да кажам дека денот го поминав супер.
Како го поминавте денот... Добро, се шеткав со другарка низ Кочани, ја сретнав есперанса Потоа пак на мало шетање-по капинки, и дома пред комп..
Како го поминавте денот... Убаво ми започна денот. Со кафенце, лимонада и омилената серија. Вечерта бев на вечера со две другарки. Малку искрен женски муабет добро ми дојде.
Денес.. Цел ден го поминав во чистење.. со мајка ми правевме генералка, и конечно сега најдов време за компјутер..
Како го поминавте денот... Денот ми започна убаво.Станав пиев кафе,потоа ручавме,учев,се избањав,отидовме на мекици и си седев на компјутер...
Како го поминавте денот... ..... ......цел ден работно...со колегите се скапавме од кафесвање,турско,макијато,смешки шали ама сепак и работата не трпи ни под разно......
Денес... пааа како и секој ден дома-работа, работа-дома ист шаблон терам секој ден од понеделник до петок и со душа чекам да дојде викенд И со душа си го чекам маж ми да ми дојде од службен пат ми недостига денес многу ептен Поздрав до сите феминки
Денес... се разбудив порано за на работа, се нашминкав, се дотерав... Возбудена до 500 и назад Цело време гледав во часовникот и чекав да ми заврши работното време. И кога конечно дојде 3 часот нозете ми се тресеа... едвај појдов до златара... Луѓе прекрасен е прстенот Се мажам конечно ГО САКАМ МНОГУ идниот ми маж
Денес се чуствувам убаво на дукан си седам си продавам си пишувам на фемина си слушам интернет радио кученцево е покрај мене сега да има и некое телефонче да си го декодирам што добро би ми дошло
Денес станав рано сабајле,си пиев кафенце пред компјутер,си средив се низ дома и отидов кај другарка ми и си се забораив
денес станав рано,дури во 7 и 30,после кафе и сите утрински ритуали,па спремавме ручек заедно со ММ,па се слушнав на Скајп со моите му Честитав роденден на Татко ми, и после тоа ја украсувавме елката со Ќерка ми па ја туширав Ќерка ми,и еве сега си дремам на компијутер морам да признаам беше доолг ден ама интересен
Денес сум среќна Ветел победи на Ф1, и е најмладиот светски шампион што освоил три титули по ред аааах се радувам цела вечер за тоа Се радував и кога мајка ми ми ја направила најубавата домашна пита за ручек па и палачинки за вечера Се редував и кога се видов со г-динот и ме штипна за образ онака во знак дека му се допаѓам. Се радувам што ме испраќа до дома, кавалерски. Се радувам што имам луѓе околу мене. Колешките ми бивши, братучедка ми, другарките од средно со кои 9 години комуницираме и си се дружиме, и сите што ми ги разубавуваат овие неработни и нискобуџетни ладни денови И сега од што сум среќа неможам да си легнам, неможам да заспијам
Денес се разбудив во 13:00 и си седев во пижами скоро цел ден,пиев кафе со мама и ручав,се бањав и бев кај дечко ми тој замина на работа,јас си дојдов дома,го гледав се или нешто и ептен ми се бендиса фустанот од Лила и сеа решив да си шијам таков за нова година после тоа прокапав на форумов,а сеа ќе одам да спијам.
Денес уште од 6 станата. Има уште малку за учење, па од четврток ќе ужива! Ќе бидам на краток одмор и да се зацврста за полугодие. Аааа... да, денес ништо не го сфатив наставникот по Математика. Тестови се ближат, тестови се ближат....
Денес супер ден,си бев на кафе,се видов со моите мили другарки,си ја купив омилената блуза,па ќе се фарбам...
Денес сум цел ден болна отидов сабајле во 8 на факултет за по 1 саат (откако една мноооогу „добра“ другарка ми го доуништи денот) да си се вратам домче и да си го прележам денов во пижамчиња, со далечинскиот управувач во рака и лаптопот во скут ... а да и ќе заборавев ... денес денот помина и со една паковање од 10 пакетчиња паломи во кревет хехехе Едноставно денов беше
денес не сакав да бидам сама, сакам да сум постојано со опкружување.. ми требаше муабет на општи теми , така лесни. ПА и така лаечки ми помина сабајлечки кафе, па јоште едно со другарка ми, па скипинг скул уште едно и сега со сестра ми... за едно пола саат со тахикардија, планирам да си легнам