Денес станав рано, што е btw необично за мене. Си сварив кафенце и накај 11 часот отидов до кај една моја пријателка да го искористиме слободното време. Шетавме низ град, ама времево ни ја расипа прошетката, почна да врне. Ни остана муабетот за утре.
Денес сум супер Иако цел ден сум дома, цел ден го искористив за да се мазам со мајка ми (да, имам 24 год и сеуште се гњавиме по дома кога сме си сами) да уживам во убава топла домашна храна и се чуствувам апсолутно уморно после работата што ја завршивме. Нешто како на сликиве Прво прашина, па смукање, па триста други чуда за на крај да ме боли грбот но све околу мене да мириса убаво и да ја чуствувам пријатноста да сум дома. Да ми е толку убаво што дури и обичното турско кафе во ваков смирен, мирисен, топол амбиент да ми е превкусно. Сега ќе си гледам некое филмче, или ќе поиграм игрица, или ќе се чујам со некои драги луѓе пред да заспијам. Убав и смирен ден.
Денес ќе ги носам внуките во зоолшка, во Џамбо по играчки, на јадење, спремив ново ЦД со детски песнички Планирам и собата да ја зачистам. Вечерта некое опуштено искачање, испикирав едно ново ресторанче, може ќе се види од поблиску.
денес е почеток на нова недела и би сакала да е целата недела вака сончева и убава .. Сакам од денес да се остави лошото минату и да се започно од ново !! Сакам денес да е необично !! Сакамм ПОСЕБНО ! И денес повече и повече сум заљубена во него !!!
Е денес планирам да ме стане физика и партал да го направам се да му одговорам и 5ка да ми пише пез да му помине низ глава дека минатото испитување избегав !
well well well ..... денес сум поинаква, се менувам се повеќе и се сакам повеќе. А денес, и вчера, и утре Фемина ми е на прво место. Неможам да функционирам ако не го отворам форумот.
Денес ... бев на депилација после 2ипол месеци Беше поболно отколку што очекував ... Па како и да не биде SnowWhite91 кога се запушти периодов и беше бетер од машко Добро е што козметичарката не го коментираше тоа И се извинив за невкусната глетка кога се соблеков и објаснив дека периодов и не ми беше дојдено до депилација баш. А и и ветив дека од сега секој месец, и зимските тука спаѓаат, редовно ќе идам. Сега мазна, среќна, весела, месец дена немам гајле
Денеска размислувам за не/возможното. Сакам да јадам пица, па пита, па јогурт, па чоколадна торта, па да пијам узо онакво со таратор и лук. Уф пусти сакања. Сакам добро да поминам во сабота. Денот да ми изнуди насмевка дека ќе биде подобро. Уште нешто на рапорт е тоа што сакам на мајка и татко да им уплатам во Аурора ноќевање. Ама немам како. Идеи за брз начин на заработка? Коцка не, може некое лото мото кое поима немам како се игра. Ќе се научам. Па сабајлето е тоа. Некогаш покрај некој се чувствувам како плава. Знаете кога ќе ме разорушат со нивната поштеност и паметни зборови. Забегав од темата. Ајде да си ја видам насмевката откако ќе му викам, станувај треба да работиш. И гестапо (со малечко г) стапува на сцена. Па п па о рата ту уу.
Денес читам, слушам џез, си направив мезе бар во соба, мекнеам... И го мислам него, многу. Ми се кенка. Дождов, како инспирација на секое клише ме прави мачка во креветов, не ми се станува... Единствено може вечер ако има ентузијазам, да се појде во театар, Изгубени Германци вреди да се погледне.
Денес се разбудив со јака главоболка. Затоа пак со мала медитација и кафе ќе ја снема ...а потоа, ќе го зграпчам овој тмурен ден во раце, ќе си закачам (замислено) сонце до мене и ќе уживам!
денес пак ми го крена притисокот за минутка... море каква минутка секунда не беше доволна !! Не ми е јасно како брзо се спојуваат жичките и како секако секогаш јас страдам кога си имаш некои проблеми кои не ме засегаат мене!!