станав во 8 и 30 сабајле и бев на факултет да се запишам. потоа бев во Рамстор, па во ГТЦ и пред од пред 1 час еве сум дома..т.е. кај брачед ми и не ги чувствувам нозеве ни во седечка положба
Денес, се изнаиграв со мало детенце, Ах,ме враќа во живот секогаш. *се скинав од смеење. *се откажав од некои луѓе во мојот живот, *и сеуште денес терам инает за некои работи.. Што знам дека ќе се каам, ама ако!
Денес станав пред кокошките, отидов на работа, работев, се вратив, бев кај дечко ми на кафе, дојдов дома се остаив од спиење искочив на гости кај непожелна фаца и еве сега сум дома се спремам да се бањам и да си легнам.... ептен ви го објаснив денов у детали
денес им откажав дружба за на рок.....не сум јас бе рок&рол дете...си сакам рап,црнечка музика што би се рекло ах да и денес сум мноооогу вредна
Денес незнам каде одам.Ко пијана сум,но нема врска.Битен е моментот бее. Прославувањето траеше до утринските часови,така да ќе кажам и утрото како ми почна-во играње,пеење,свирење,смеење.Морее ваква и да сакаш нема да најдеш. Сега се спремам да легнам,бидејќи веќе неможам да издржам. Како и да е ќе се памтат 21,22.08.2010.
денес станав во 123 и цела ден сум пред фемина и пред фејсбук.земав малку учев јадев и пак сум на компјутер и сега се карам со мама зошто сум цела ден на компјутер хахахах
Цел ден сум на работа и дремам на компјутер. хаахах Супер ден. И се искарав со дечко ми. Да, да. Супер!! Најважно-се израдував на приемната листа за на факултет
Цел ден си одмарам,падна и карање,ама го пребродив. Некако вештачки се смеам денес,ама ајде и тоа ќе помине.
МНогу сум тажна и разочарана од животот.Се чувствувам како да немам никаква иднина И тоа многу ме плаши Цел ден плачам и незнам од каде да почнам барем малку да гледам позитивно на работите
Денес гледав телевизија,бев кај пријателка па пак испаднав... И најважно денес сме некако сите депресивни...Почнувам да верувам дека полната месечина негативно влијае врз нас!
Денес денот ми почна супер, станав, си ја средив собата, направив ручек, бев да си го земам компијутерот од сервис и си дојдов дома....е од овде почнува хоророт, комплетно се разочарав од него, мислев дека повеќе не е дете, дека пораснал, дека е сериозен, а он ме изненади со куп глупости, се скаравме и се смиривме , ама некако не е исто, барем мене не ми е. Џабе му се колачи, џабе му е се, ако еднаш пукне , секогаш ќе капе. Сега седам пред компијутер со некое неодредено расположение, ни тажна , ни насмеана, ни среќна, ни несреќна... Едвај чекам да си легнам , да заврши денов.