денес (пошто е пројдено 12) прво ќе легнам да спијам,па треба да станам рано (ме чекаат некој обврски) после тоа краток одмор дома и навечер кафенце со другарките
... стварно убав ден. Си читав детски книги покрај брат ми, си играв со дм и ми кажа дека во негово мислење сум заслужила оценката на играта шо сум ја добила и се прерадвав. Си учев за испити, прв пат смирено.
Денес го сретнав старчето со кое заедно пред две години чекавме воз во Скопје. Прва помисла ми беше ,,Жив е''! Сакав да му зборнам ама ајде реков да не го збунувам, сигурно не ме памети. Сум среќавала многу луѓе додека патувам, тој е еден од тие што ми останаа во сеќавање. Зошто, јас си знам.
Ми текна на касиерот од Кам што работи во маалото на бившиот дечко, кој секогаш кога пазаревме заедно или не му работеше апаратчето за картичка или немаше кусур да ми врати, за да дечко ми плати. Ако читаш, не сме веќе заедно, а и може да те почестам едно кафе за да се оддолжам, не за друго .
Денес.. недела, прилично „бош“ ден... па згора на тоа неверувањето од поданичкиот однос тука на форумот=мрак! Решение - пролетни мириси, златно езеро и сонце (20 сепени) и 5-6-7 еспреса, лајт разговори, туш! Од утре, стара песна - нов аспект
Денес е нов ден, уствари. Се надевам ќе биде поубав од стресниов викенд, пошто... ме отекоа со одлагања, со чекања.. Висам ко на јадица - цела недела. Денес... можда(!) помалку ќе мислам на Рибата и ќе се фокусирам на Ѓузелот. Можда. Такви беа овие денови,де. Еден убав сончев ден, нема да медитирам пред пар теми на форумов и нема да глумам муабет во главава. Знам само дека тој ден нема да е денес. Денес не си најдов песна. Не си најдов ни вчера, нити завчера..нити денот пред тоа. Можда подоцна. Кога ќе огрее сонцето. Битното е дека сончеви денови се овие, не? Глупости. Заб имам за поправање..денеска и нему му е денот. Сега, мојт да си легнам..доволно беа глупости ко за понеделник ..мада уште ми е недела
Денес уствари вчера, најпродуктивното нешто што можев да го направам е да изгледам еден филм или да прочитам неколку поглавја од книгата и така да го завршам овој непродуктивен, мрзелив ден.......Но не се што направив е седење на форумов наш насушен, додека во главава и тука, се вртат идеи за промени. И сега се што остана е да се приберам во креветот, за да можам утре т.е денес понеделнички да ја зграпчам неделата попродуктивно
Денес отворив очи и не мислев на ништо. Слушав само. Денес е ден за Морисеј. Штом има музика.. биќе океј. На кого, на што мислевте денес, м?
На работиве што морам да ги завршам. Понеделник не остава место за ништо друго. И на едно патување што ми лежи на срце, а уште не знам дали ќе се оствари. Желбата ми стои ко мотивација за да се трудам повеќе. Еден ден испаѓа - одиме, другиот ден се враќаме (не’ враќаат) два чекори назад. Секоја задача што си ја завршувам води кон нешто поголемо. Ти мор Жапче, решена си да туркаш режим, м?