Како и секој ден, кафето веќе во рака. Убаво сонце, ама срам не срам да кажам, јас сум со џемпер и со ќебе покриена. Планови посебни немам, ноќна работа на компјутер ме дотепува. Ама, само нека има работа , жалење нема. Приквечерина може да отидам до еден бутик, свадба ќе се тера, па некни како да подзагледав нешто ко за мене таму. Свадбата е во Јуни де, ама јас случајно да не закаснам. Дома да ми е, на сигурно. Ве поздравувам со Norah Jones - Sunrise, не можам да прикачам линк од телефонО. Нека тече темава, бидете примерни. И ние сме чеда на мајки, нејќеме ли да се муабетиме.
Ги гледам луѓето вчера, некни по кратки ракави, боси надвор по дворови... А јас, зимскиот џемпер врз мене. Старост ли е, што ли е. Оти и дедо вика ладно му било.
Исто, ле. Пред некој ден, сабајлето беше облачно. Мислев... ладно е.Во станов бар е ладно де. Облеков џемпер со кратки ракави и кошула со долги Кога излегов надвор,едно спарно..топол бран ме акнаНемав време да се враќам да се пресоблечам.Ми се слоши во автобус Затоа, денеска... и на ова облациве..кратки ракави!
Денес... Го знаете онај моментот кога се спремате за први мај и сабајлето таман шо ке стигнете на дестинацијата ќе ви заврне дожд? - Е и јас денес таков „секс“ јадов хаха... тргнувам на долг пат со четврт резервоар со надеж дека ќe полнам некаде на некоја бензинска по пат... али ете.. капачето нејќе да се отвори!!! Моли, коли.. џабе ти е... Наместо некаде по кафиња да одмараш и да кулираш.. ти мајсторисуваш на некој паркинг некаде на +25 Али имало господ.... среќа шо во контејнериве се фрлаат корисни ствари (жица) па средивме некако Ептен ми беше мило шо се видов со некои луѓе после 2-3 години.. Онака муабети за старите времениња.. па кој колку успеал во животот, планови за во иднина и тн.. и тн... Сеа прилично здробен и истоштен... само туш и кревет ме оправаат! Бидете поздравени
Интересна тема, мал наслов а внатре можеш да кажеш многу нешта. Денес имав напорен ден исполнет со многу обврски а настината сум до немај каде. Времево ептен шашаво, внатре ладно надвор топло и само човек треба да прави соблечи се облечи се како некоја баба во клима сум станала ни вака ми се погодува ни онака. Аааа да ќе заборавев. Ме сретнува еден тип од оние мегу првите со кои сум водела љубов и ми вели, колку си се разубаела камо среќа шансата на не ми беше искористена. Се насмевнувам шармантно и му велам, секогаш има втора шанса јас и така сум заборавила како и кога се случило тоа. Тој ми вели, значи не сум оставил добар впечаток? Велам, ајде не се лути еве ти прилика за да го поправиш впечатокот. И така јас на една тој на друга страна се договоривме за утре во 3 да се видиме. Ех, колку е убаво чувството кога гледаш како измамуваш воздишки кај лугето и како со поглед те голтаат. Егото ми се набилда како жаба.
Утрово нели требаше да станам рано, продуктивно да ја зграпчам работната недела.... но што се случува кога имаш пореметен биоритам и одиш на спиење касно..си наместив алармот и го ставив телефонот на масичка, подалеку да ми е за да го слушнам и го исклучам и се разбудам, зошто ми се случува несвесно во спиење да го исклучам скорз и да си продужам даље.... и утрово се будам пола саат пред да ѕвони алармот и викам супер, си го земав телефонот у кревет, ај да си подремам уште малку и пак сум заспала и пак сум го исклучила и не отидов каде што требаше A сега светлата точка од денов, си се спремив и така еуфорично си отидов до Југотон по карти за Енрике, па по пат ме дрмаа мисли леле што ако се распродале а тоа денес пуштени, и си стигнав и си купив имаше фала богу и така цела радосна и раснежнета цел ден како тинејџерка, си го слушам од 11 години и си фантазирав да му одам на концерт и сега после цели 15 години ќе ми се исполни желбата, па во филмови сум цел ден ама не ми замерувајте, туку пуштајте среќа да ме изнесе на сцена и да ме пољуби И тоа е се за Денес...сега уште малку релаксација со кафенце тука, па да читнам книга малку и да се потрудам да го поправам биоритамот, сон ми е да легнувам рано и да го фаќам денот од рано наутро, ама тешко ми оди исполнувањето на сонов
Денес... после напорен ден на факс, идеално решение е понеделничка вечер во која отварам сезона на сладолед и на оние можам да кажам веќе летни, тивки и релаксирачки, освежувачки вечери што едвај ги чекам Муабет со убаво друштво, ладно нес и мозок на пасење... А продуктивноста денеска ја одбележувам со уште 70тина страни од книгичево што не можам да го остаам и епизодата од новата сезона на серијава шо ми беше домашна од пред некој ден... обврските можат да почекаат де Убава недела да имате
Еден ќе се посипеше со вода дур ме зјапаше. Јас пак, ќе отепав еден старец на точак зјапајќи го него. Не дека јас посебна или, тој,нешто нарочито. Само, таков беше Денес. Спурен и шашав. Денес го почнав и го привршувам со Морисеј. Бар тоа е убавото во оваквите денови - музиката. Коа ништо друго не ти оди, удри на весеље. Во крвта си ми е. И,едното и... другото. (а, оно, кому не. сите сме исто џубре) Договорив средба за утре. Т.е. се согласив. Толку е безнадежна, толку непотребна... По зилионити пат пробувам да разбудам нешто што многу веројатно е дека не постои. Сине, натјерали су ме Иначе... сум разумен човек. Денес не ми се глумеше разум. Тоа.
Денес е... победа. Изгледа. Не сум сигурна дека разбрав. Стануваш порано да се истушираш и, оно, струја нема. Таков е... Денес во НЛо-во. Или вода снемува или струја. Бар да те известат,. На време. Да знаеш. Не... залудно да стануваш цел саат порано. Денес ќе е уште еден од тие денови - јас нема да знам што сакам да пијам па, ќе го листам и листам менито ќе... зјапам во туѓите чаши и ќе викам: „сакам, сакам...нешто,нешто.. не знам..“ и, ќе ја кривам устата а, Ѓузелот ќе ми зборува за во добро и во лошо.. Ах, колку е тоа убаво! Мхм,мхм! О, да. Нели?! Само уште да одлучам за пијачката. Потоа ќе преминам на реторичкото прашање. О, јеа! Струја дојде. Се замолува, @Jean-Baptiste да остави печат и на... Денес!
... ќе ја чекам мацата моја да се породи. Веќе не може да се движи, блиску е моментот. Не знам како ќе се снајде, прв пат ќе и’ биде а малолетна е. Будалинка моја, 5-6 мачори заведе и само се тепаа низ дворот. Едвај чекам да си ги видам внучињата. Абре лелелелеле дебело, тромо мое манипулаторче. Тоа не ни знае дека е трудно, малечкото, којзнае како ќе се изненади кога ќе излезат чудни, пискави суштества од неа. Ќе ве частам мекици, само да е добра.
^^ Мојата, кога и дојде моментот... се качи на кревет кај мене, пошто лежев и, легна ептем погоре, не ко вообичаено на нозете,него ми дојде до брадата (демек, да знам што е работата) и почна да се напнува.. тоа што јас приметив беше дека, секој пат кога ја трлав по грбчето, ги засилуваше напнувањата...така полесно излегуваа. За последното, петото... немаше сила веќе. На крајот, ја изеде плацентата Да не се чудиш ако се случи такво нешто. Последното,т.е претпоследното што се роди..беше и најмало..најпоследно прогледа,најпоследно излезе од кутијата, не се туркаше за јадење, па мораше да го кревам и ставам да цица. Будалетинка беше, ко шилче,ептем минијатурно, ептем. Кога почнаа па друга храна да јадат..стоеше и ги гледаше дургите како јадат, ко да не знаеше што да прави...сите се грабаа,само оно стои и такво ко збунето гледа почнав да го кревам на ладилникот да му ставам посебно тањирче со храна, оти му ја земаа дур оно изџвака едно залче. Така се научи да граба и да бега во ходник...почна да се бори за лапачка.Сфати дека е битно Ете,денес ден за зборење за мачките.. и вчера ја спомнав.
Душички бе, нема помили и поинтересни животинки. Лани гледав едно напуштено, го подметнав кај мајката од моево ама многу помалечко беше од нејзините па го малтретираа. па си го зедов дома, го пораснав со шишенце, и после сите ги тепаше. Мајка ми само што излезе од болница во тој период па мораше да лежи три недели и имаше занимација со душичето. Нинџа се викаше... како само се бореше за живот, неверојатно беше да го гледаш... и некој ми го украде од двор. Знам дека беа едни деца од соседството, па бев да го барам низ куќите наоколу ама не го најдов. Тоа и претходната моја маца што ја најдoв во гаража и ја кренав од мртвите (па се викаше Гара - Гарачка) ми се непреболени. Со ова сегашново некако ми беше страв да се приврзувам после тие две трауми и се држев на дистанца, ама најде начин да ми се пикне под кожа. А гледам @zhap4e дека време ти е да си земеш ново маче. Празен е животот без нив.
Денес.... и е роденден на ќерка ми..полни 6 годинки,мила и убава на мама,кога ли летна времето,како вчера да беше,се сеќавам во детали на се..вчера бебе а денес веќе девојка