Празен е, Ливинг. И тоа многу. Ама, сé уште ми недостига мојата. Грицките уште и стојат во тањирот. Мачно беше да се минува низ сите нејзини епилептични напади.Особено да го гледаш последниот.. одвратни работи видов Ќе одморам од животинки малку. Душа немам за сега за тоа. Ама, кога ќе налетам на некое кое ќе ми биде Троцки.. ќе го грабнам Од Edgar's Mission и минијатурното прасенце со количка ми е инспирацијата,уствари..Леон Троцки го викаат,бе. (на фб ги следам инаку)
Лајкот за вториот дел од постот. Не го знаев Троцки, а ептен е убоооо. Троцки бе, trotting on into the hearts of thousands of people worldwide. Имево е генијално.
Денес денов го почнувам конечно убаво наспана и со одлична вест прочитана тука за новата тема Инаку денес немам нешто конкретно во план или некоја поголема обврска, но како што почна со убави вести, веројатно ќе биде убав ден Вие за мачките си зборите, а јас не сакам мачки ич, порано кученца сакав и имав дома, но не знам како и од нив фобија ми се створи, а видам куче на улица без разлика дали е големо или мало, срцево во петици ми е Јас со животните се сакам, ама од далеку само Сега следува кафе и појадок со фемина, а потоа да видиме што ќе се прави
Денес ми еден од оние денови кога би сакала да сум дома, на терса со кафенце и добра книга. Ама мора да се работи да се заработи. Добро барем имам музика. А за другото после 4... Некако времево ме тера на некои спомени од друго време. Посреќно. Ми недостига време да се видам со сите што сакам. Животв врви пребрзо. Како река. Во тоа име
Денес... гледајќи ги последните „нотификации“ мириса на добар ден а најверојатно и добра „иднина„ (на форумот ) Може Bella Ciao ?? - три-четири .....
Денес цел ден ми помина во ,,думање,, дали да се оди за празнициве по комшиите или да се остане во државава. Страв ми е бе луѓе....ова мигрантиве ми се некако ...ќе им текне да легнат на автопат и ???
Денес главата тапан. Мејлови, повици...секој си тера по негово, а јас се нервирам. Кафево на маса, цеден лимон и цитрон (трпи бабо за без целулит), апсолутно без никакви идеи за денов откако ќе завршам со тоа. Што да кажам, што да лажам?! Толку ми е еднолично секојдневиево, еве не знам поеднолично дали може да биде. Maчки не сакам, сакам мало кученце да си вдомам, ама мама не ми дава оти сме биле во стан. Цела зима си бучев за тоа и видов - не видов, престанав. И да, ова луѓево се толку наумничави (зборов е од баба и значи менуваат мислење секоја секунда), што веќе не знам што да мислам. Уствари знам. I јас се научив таква да бидам, посебно во ситуации кога знам дека нема простор за ништо никого да убедувам и да му пружам повеќе внимание од тоа што сум пружала, а било на ниво. Ај да престанам за ова, оти ќе се изнервирам уште повеќе. Убав ден ви посакувам. Јас сум наапана, некако ми се собра. П.С. Што е муабетот за слободата де некој нека каже на оваа изгубена душа?
Па немора, гледаш како се препознаваш, тој си @Emy867 Тема каква што баравме, ќе ни отворат наскоро, затоа славиме
Сé на што мислам во моментов е The Lobster и како... мора да сме исто фалични, инаку... и двајцата ќе завршиме како некои животињи..во гората. И, сé ќе беше ок, да не мораше и ко животиња да си имаш спарка О, убаво ќе беше да можев да се фокусирам на нешто понормално, побогу. Како, косата да си ја наместам, карминот... ово-оно.
Фала ти @Deemy ! И што ќе блеботиме там? Ај мислете, ќе ни замре оти. И ќе биде смешка. Молевме, колевме, на крај темата ќе ни биде подосадна и од погреб. Јас сум во некреативен период, ви кажав веќе. Така па многу сум креативна иначе. @zhap4e ти меѓу редови некое рандеву да не најавуваш, м?
@JonyBravo се е политика, не ти признавам име бе Туку оди таму пази го дечко ми, отиде за Охрид денес демек по работа, а ми дреме на Кадмо, гледај таму некоја охриѓанка да не брка И ајде малку озбилно, денес мислам на море, плажа и лежалка и јас на лежалката под чадор, како гледам кон морското синило и си пивкам ладно нес, додека дува ветре и ме лади.....и си бројам денови за до сето ова, а до тогаш книгите ме повикуваат... @Emy867 и јас сум во таков период, ама ај до тогаш ќе добиеме инспирација и мотивација
Еми, ништо не признавам. Под дејство на дупла доза какао сум и еден аналгин. За темата.. секој ќе си наоѓа што да си зборува..некогаш ќе се поврземе, некогаш сам по сам. Да видиме што ќе ни дадат, прво па..отом-потом.
Ти признавала не признавала, јас намирисав, тоа е една од моите супермоќи. Значи да си станала од Феминава, средување под конец, комплет и ментално и физички и во најдобро издание да се покажеш. Ако не биде работата, ОН ќе е крив. Ако веќе па нејќеш да биде, седи си тука и тргни си бушава и ненамерисана. Ни лук јал, ни лук мирисал.
И јас така викам. Се знаеме ние од поодамна. И бушави се знаеме и напарфемисани,дотерани. Само филмов што ми се врти ми е тешко..OCD и АD се тешка болеС. Филмов да го контролирам..... Муабетот потоа, да се фокусирам Се друго е ок