@zhap4e Остај ти се знаеме секакви, пуштај некоја музика за релаксација и земи шминките, парфемите среди се убаво, среди мисли и извести не после како си поминала И јас сум самодијагностициранa со ADD
Море @Deemy, жабава изгледа стварно замина на улепшавање, а? А се правеше демек држ - не дај, се исто ми доаѓа
Денес... после еден муабет ми се потврди по не знам кој пат онаа познатата - дека кога некому даваш совет всушност се обраќаш на самата себе во минатото, или пак кога ќе ти текне отпосле на истиот, сфаќаш дека би било убаво во иднина самата да го применуваш. @LivingGlam чекаме мекици и сликче од душичките Денеска сфатив дека ќе ми стане секојдневие темава со кафето после прибирање дома... до луѓето тука е П.С. она со ciao bella ми се свиџа ептен Прочитав сабајле и за темата... @JonyBravo, ни го размрда форумов дефинитивно пријателче Така е кога на ваква тема читаш заостанати мислења од пола ден
Се’ уште не биднало @Someonespecial. Ти викам, ова појма нема дека е трудно. Се вовлекува низ тесни процепи, заглавува со стомакот и турка за да помине, ги смачка малечките бе. А сличе ќе има обавезно. Ама изгледа не денес...
Штета шо не сум од Охрид.. Да кажеше со време.. ќе го пратев со двоглед од ваму Иначе не бркаТ тој охриѓанки бе... верен ти е до гроба
Верен е, ама што е сигурно сигурно си е, контрола малку Епа езерото, езерото...тогаш си од како Струга нема друга, ваљда И на темата да кажам дека до сега се дружев со книгата и завршив со учењето за Денес, а сега кафе пијам и барам филм за гледање.
Јок, Деми. Друго езеро ќе да е. O,mamaaaa I just killed a man.... Да видам што се сиве овие нотифакции, глупости...да испијам кафе,па да видам кој-кого оговарал.
Па погрешен човек тогаш одбрав за детектив, тоа друго езеро да ти било Туку ти кажи нешто...што би од ова и плачки и песни, не разумем
Денес перев завеси.Цела куќа ми мириса на омекнувач. Спојлер ама ви се утрапив во темава,што ве нема на старо место?
Ти ма жабе, имаш ли нешто да ни кажеш од денес? Еве и Деми како мене гледам прашала, ние две надежни сме за матичарки. Јас ко сум се ококорила, ќе дремам после кога не треба.
Глеам од прееска Жапка нешто ни мути, а тука има исчекување за настан на денот Абе овде саде мистериозни људиња собрани сме
Плачките се од Квин. А, си плаче човек кој се самозаглавил во кал до гуша. Тешко мене ќе биде. Да преспијам треба. Можеби подолго од една вечер ќе ми треба да соџвакам и реагирам,соодветно. Ништо друго не признавам Спојлер @ph.orhideja сега се прибирам. Допрва да ве прочитам...да видам за која весела тема сте си разговорале, денеска
Кога ќе реши жабата да сподели импресии од дејт, ќе молам некој да ме тагира да прочитам. Не кажувајте дека сум прашала, не сака кога и се плеткаш во приватни работи
Ама за името си стои, уште не ти го признавам @ph.orhideja нас и тука и таму не има сеуште, а и вие навраќајте почесто наваму Додека не ни ја направат темата, тука вака што си реплицираме, не е толку страшно, нели Уште јавно да си кажам, дека денес последен ден ми беше со кркање и со невежбање, нема веќе изговори, ни пмс од утре се враќам на режимот. И тоа беше се за денес, пак не изгледав филм и вечерва