Добар ден кул људи Јас денеска од предавања решив да си дадам слободен ден, ама као секогаш ме зезна Марфи... па сум пак будна од 9 Со скриптиве одамна сум на „од утре почнувам да учам“ ама и денеска ќе се искористува времето Ај вака пред излегување да ве поздравам... вечер очекувам пак размрдување тука
Денес ќе препишувам од Џони, иста мака си имаме со учењето Денес е ден за самоконтрола, тренинг на волјата и насочување на вниманието каде што треба....доста се веам како вејка на ветрот. Денес ни времево не е убаво фали. Како и да е имајте убав ден друштво
Денес е еден од оние денови кога имам потреба да изустам на глас дека животов ми е еден чекор напред, три назад! Имам потреба да го преспијам и премолчам денов. Ќе си ја послушам потребата...
Денес Umbrella ве гушка сите вас и ви заблагодарува за подржката, за сите утешни зборови Вие сте ми единствени на кој можам да кажам сé што ме мачи..
Денес.. подобро да си бидев умен и дисциплиниран, па да учам и нишо друго да не праам та да не чепкам по ствари шо здравје земаат!!! Али тоа е... недисциплина- земав (ко за беља проработи) стариот ПЦ. И богами има шо да се види. Кај се вратив кај си тиииит мајката... детство бре.. убави времиња... спомени од убави години.. девојки..луѓе.. места..песни!!! Ќе си легнам. Тутун ми е душата!
Амбрелке, знаеш дека си ми одамна многу мила личност тука... те читам подолго време нерасположена а и за проблемиве те читнав малце... што и да е, ја имаш поддршката и од мене, ти посакувам сѐ наскоро да биде во ред Ептен те разбирам пријателче... Денес се одјавувам од темава со надеж дека утре помалку тивки и повесели ќе се читаме тука