Денес...пар убави работи оставивме кај тебе. Носталгичар и романтик ко мене...се осеќа ко да напушта животинче некое или људско биќе (чат пат и за нив се позасеќирувам де) Обеќаем дека ќе свратувам. Мада... знаеш.. еднаш Како се чувствувавте ми беше сé.Заради тоа сé и се вратив,но... јас веќе не сум таа жаба, таа веќе не е таа тема.. Но, еве.. се учам (и на овие, стари години..) да бидам по...стабилен полноглавец. Битно ми е да бидам искрена и отворена со тебе. Да ми олесни мене, а тебе да ти натежни.Нели затоа често и сме искрени и отворени,не? За сега, по ме инспирираш. По си кликаме..јбг-а.
Денес.. и покрај веста за наше младинско катче... јас сеуште сум по влијание на „чепкање по стари рани“ од вчера. Едноставно знам кога и како да згрешам, тоа несомнено. Временцево па дополнително ме тера да мислам и да евоцирам спомени, да се навраќам едно 7-8 години назад. Кој времиња Одам на кафе... чисто да споделам шо се има мојата крнтија... ќе има заинтересирани знам!
Изгубив (или инвестирав ) цел час утрово гледајќи детски колички, транспортери, и седишта за во кола. И темите на форумов ги прочитав. Па и модел си одбрав. Не сум трудна. Ама, мацата почна да се пораѓа, ќе ја биде денес, па можеби за нејзините бебиња имав претчувство.
Денес... Петок.. ниш4о особено. Не пијам алкохол, не се журкам, не излегувам и крај! Ќе глумам карактер!!!
Многу муабети за деца во последно време. Здив веќе однемувам ради темата. Да видиме дали и денес ќе е на дневен ред Ауч.
Денес... се разбудив со надеж. Кој би рекол дека ваков клет меланхоличар би можел да си легне со надеж и утре да се разбуди со надеж. Замисли да продолжи ова стање. Ќе треба да си најдам нови фори, нов идентитет Нема да сум веќе Blue. Фук! Денес сфатив и дека ми е ненормално многу драго што те пронајдов, уствари. Всушност, баш утрово ми текна... ти си моето ново Како се чувствувате? Со облаците.. полната месечина над глава и ветрот в грб.. таму сме. Сум. Каде треба да бидам. af.
Денес Жапче ни е во Фазон Нејсе... Денес малце уморен од сабајле (црногорски) ако пред саат време станав од спиење... И како шо е редот, баба ми како референт за протокол ми брифира кој се јавил шо побарал и каде треба да одам.. Сеа уствари сваќам која „движеча сила“ се бабите и дедовците... нема лабаво со нив, ама ич!! Јас као ќе учев и слично, па викенд е.. може кафе-мафе али кој те прашува, приоритети се во прашање Xd Среќа шо денес е некако тмурно и се спрема да врне дожд.. и ај да не должам многу.. каснам со распоредот. Имајте убав ден
Денешниот предизвик ми е a day without negativity. Пазам што зборувам, секоја негативна мисла мудро ја бркам пред да излезе од уста, а на жалењето и критикувањето на другите само премолчувам. Започнав како и секое утро со листа на 10 работи за кои сум благодарна и тоа некако му даде позитивно темпо на денот. Чудно колку благодарноста носи куп добри нешта со себе, а најзначајно внатрешното чувство на среќа и мир. П.с. Ми фали нешто како катче на позитивноста на форумов.
Денес си прогласив неработен ден. Единствена активност ќе ми биде гледање на саат и кркање Беналгини на секои 8-9 саати, бидејќи party in my uterus ден ми е.
Denes Barca gi zdrobi Sporting H.I toa bajagi.. 6-0 Barca si e pak vo forma.Se vratija najdobrite!!!!!! VISÇA BARCA!!!
Денес се чувствувам мрзливо се што и да фатам ми паѓа од раце може дека и времево е некако депресивно цел ден беше вакво и на крај заврна конечно.
Денес.... се разбудив во страшна нервоза зборувајќи на англиски и „трчајќи“ по автобусот шо ме оставил во некој трговски центар во Будимпешта дури купував патики хаххаха Тоа е тоа.. нeмој да се смеете !!!
Денес ќе ти се навратам на тебе денес, тука си ветив нешто, тука почна и нешто убаво, ќе ми бидеш потсетник Денес
Денес... и уште милион години да се прераѓаа, одново и одново.. дури и да им беа дадени сите спомени од сите нивни животи, пак ништо не ќе научеа, не ќе разбереа - за себе и за другите. А, оно, јас само колку далеку сум,пак тие. Туку, си имам јас подвижен потсетник за другата страна. И не ми е сеедно на која сум. Шупливите ќе си се и утре - такви. И деновите потоа ќе се такви де. Тогаш, чуму грижата, Денес, чуму?! Кога не знаеш што значи да нема што да загубиш повеќе... среќно паѓање. Меланхолијо, здраво! Ретроградно..отштиклируваме, м? Редно беше.
Најавувам излегување од комфорната ми зона . Нека биде по космичка желба. Нит се опирам нит прсти мешам. А добрите прилики почнав да верувам дека се убаво замаскирани, да не ги препознаеш, си викаш тешка работа те чека.. Ах..Многу мудра главава, само на сигурност ми мисли. Место на можност.