Денес исфрлив мал дел стари алишта и кебиња, и на мајка ми миленцата. Фала богу даде да ги фрлам. Сега се осеќам некако полесно. Обожавам да чистам ѓубре од дома. Пред тоа цел ден до 4 ипол го поминав во кревет. Излегов на тераса и се изнагледав зеленило куп во дворот. Разни дрвца имам дома, дури сакам и да се исечам некои. Преполно е. Јадев зелена кајсија.Како мала јадев и сливи зелени и мали. Им се радував многу и многу ги јадев. Сега не ми текна за слива да си скинам. И така.
Денес... или ќе го биде, или нема да го биде. Како тргнале работиве, и сите нијанси измеѓу се возможни. Нека го биде.
Денес... Денов ми започна со тинејџерско однесување од страна на најдобрата ми другарка. Некој да чита, ќе мисли по 14 години имаме. Денес... Планирам да си направам нова фризура. Конечно. Мора да се среди косава, инаку што ќе ми е ваква, собрана цело време. Денес... Се надевам дека ќе биде крај на сите малери што ме бијат во последно време. Доста ми беше.
Денес... се откажувам од нив. Како никогаш да не биле. Косата е пократка за десет сантими. Не ми олесна, ама.. полесно ќе расте на сонцено. Под услов да огрее де. Некогаш. Вчера не ја сакав, денес да. Инаку... завршено. Со одговор во три збора. И музиката заврши. Пампара-пам-пам...пам-пам! Мораш на крај да се насмееш. Макар и сам на себе. Ако не.. некој ден ќе те најдат ко Хемингвеј. Ако има кој де. Бар некое асално хаику да остави човек во меѓувреме..да не е со +1 падобранец. никаднеќеседесизнаештоанели. Чекај... ми текна.. I'll go crazy if I don't go crazy tonight?
Денес... некои од родбињето ме читаат, си велам. Оти, како да ми реагира личноста.... некако, некако..така - малкуцка соодветно на моите писанија кога се осеќа пивикано. Два пати се случува. Коинциденција? Пфф. Не сме мали деца да веруваме во коинциденции. Femina connects people. Туку, јас ќе си пишувам и понатаму само, нека да родбињево не се осеќаат повикано, нека да не реагираат соодветно на моите и без тоа ретки постови посветени на одредени теми. Не ми се на ум,ама ич. Плус, чисто ради раатлукот кој си го имам тука... Се разбираме, не?
Денес, дожд. Го засакав овој дожд. Се фаќам за кратко како пак размислувам. Гледам во небескиот свод , во крошната. Се нишка. капки паѓаат. Ми звучи како нешто зараснато,обновено... Мисли ми надоаѓаат, јасни, полни, чисти, сеќавања...
Денес... конечно се враќам во колосек после празникот. За многу години на сите.. немав време да ви честитам тогаш пошо некако се помина во брзање и во гужва. Кај ми беше именден, па први мај, па обврски по дома, па факс... и се тоа заедно една голема фрка. Денес ми е ден за одмор и враќање по старо. Реално не ми е нешо задоволство шо морам да се „вратам на старото“ пошо пак ме чекаат обврски од типот на учење, тема за магистерска, материјали за магистерска, свадби еден тон (на луѓево манија за свадби ги има фатено) али тоа е, мора напред!!!
Денес е среда и среќно цел ден... Го извлеков од позадината на полицата некогашниот омилен филџан во црно-бела комбинација, го сместив на почесното место како што му прилега, а какво што не замислував дека ќе пронајдам најмалку за себе, а потоа и за некаков предмет. Можеби просторот е знаемарлив,но случувањата таму се изворот на моите нови искуства. Запишав некои битни работи во подзаборавениот нотес кој малку си ја променил белата боја на хартијата и му ја зголемив дозата на значење. Ги закачив првите погледи на гранката од големиот прозорец, а расцветаните мисли во тмурниот мај ја означија убавата половина на долгоочекуваниот почеток со старите нешта кои повторно ќе ми го исполнуваат секојдневието... Овој пат, на поинаков начин имаат поголема вредност за мене.
Денес.. некако тажовно испадна. Бар ќе се спие. Ваљда. Си велам. Ах. Во какво само ...>{$@%^~!.... цапнав. Ауч, ауч. Допрва ќе треба да ги ринам од ципелицине. Ох... Гаси светло.
@zhap4e, лајк за песната, не за постот, ама си знаеш. Денес, си кажав - ден полн со одложување. Сепак, заврши убаво. Го гледам човеков мој уморен, заспал на двоседот и диши мирно, рамномерно. Со рачињата обвиени околу себе, изгледа му требам за да го гушнам. Така и ќе направам, само да го погледам. Има нешто детско во него, што многу сака да се дружи со тоа грижливо чувано дете во мене. Мислам дека тој е единствениот човек што не се труди да го убие тој, најубавиот дел од мене. И што глупости се изнапишав, а само наминав во темава за да видам што пишала жабата.
Ливинг, знам. А, мојот лајк е за..твоето човече со рачиња обвиено и тоа што е единствениот..... you know. Жабата тука си тера раатлукот., Галабо. Многу лично и многу персонално.
Шо ти фалеше мор тамо? Не плукај на стар бунар. Незнаеш кој кога ќе пресуши. Ја ела да видиш шо убаво си се тжиме. Нема да те мжиме не плаши се.
Шо посесивна си, мале... мале. Дозволено е да се пишува и во други теми и паралелно во 40ка. Не само што е дозволено, препорачливо е да не сé и сешто се шкраба таму. Особено кога имаш и вакви теми кои по те инспирираат за креативно себеисповедање. Дур тебе не те омажиме, ја не се мажам. Ете таќе.
Денес, им препорачувам на оние што постираат фотографии од Санкт Петербург во соодветната фб група да престанат да го прават тоа. Абе уште малку ќе ја поминат границата, па ќе оставам се’ и ќе заминам да скитам по улиците, таму. Ехххх, соништа. Можеби нема да биде денес, но ќе биде... some day.
Денес музиката место да спојува , ги разделува луѓето. Моцарт од сабајле, комшиите Дара Бубамара, сонце пекна. Ја него му се радувам, и не, не ми е чудна логијата, само за тие small minds -неприфатлива. А овие гледачки на кафе, околу мене,од кај изникнавте? Ме тераат да се кафесувам, во име на иднината Денес сакам да сум на повеќе места во исто време.