Денес толку многу ме измачи настинкава, што настрана од правењето чаеви и цедењето лимон, морав да си најдам поинтересна занимација - манијачење мужи . И така некако стигнав до Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство И сигурно нема интервјуа да му читам, битно хороскопските знаци ни се компатибилни, си викам нема гајле што е 10 години постар, младолик е и оп - гледам бебе, жена, а јас мислам симпатија за озбилно си најдов . И ништо, потрагата продолжува... Па вие што не излегувате вечерва, пратете нешто за плакнење очи .
Denes .. Se rastrcav naokolu so majstori , pa letaa kafinja , jadenje , sokcinja .. I kakao radna akcija produzava utre
Денес... тивко е. Затварам една врата, друга.. неќе да буде. Ќе протестирам пред фрижидерот. Сакам сам да се наполни со сладолед. Од петок па навака, сите ги изглодав. Ама,с-и-т-е што ме глодаа, а јас им викав: „немој“, треп-треп. *ги крева рамениците и се издишува*
Денес да ви се пофалам дека бев на маратонот ама на оној од 5км, времето не ми беше сјајно, но битно е да се учествува. Нели?
Денес е денот за нови почетоци. Да се затворат некои врати, она што боли да се остави во минатото и веќе никогаш да не погледнам назад. И никако да не заборавам да дишам длабоко...
А ја денес да се пофалам... станувам „наутро“ (по неделно време, де ) и на фб ме пречекуваат слики од пред 2-3 саати од другари на денешниот маратон... излајкав сѐ по ред за поддршка и кураж, се дорасонив и фатив патот накај фрижидерот и нутелата Мислам дека е доволно сумирано #расположениенаденот... Грижа на совест..? Naaah, more like I regret nothing Cheers to the lazy Sunday!
Неделава денес се погоди да ми биде слободен ден. Средив по дома, направив јадење и сега цело попладне има да оќорам од глеање филмови. Треба да ми се забранат слободни денови сем за викенд.
Ги правам сите работи по ред кои по правило треба да ми помогнат да се чувствувам подобро - вежбање, контакт со подзаборавени другарки, договарање средби... И ништо не помага. Си мавнав еден туш и така асално се изнаплакав што во еден момент липањето толку ми ја премина границата што морав за уста да се држам. Не сакам никој да ме гледа ваква. Понекогаш сакам некој да ме гушне, ама џабе е, не ми е утеха и никој не знае како ми е. И подобро. Последниве денови сум толку безживотна, се затворам во соба и само лежам, се обидувам да спијам за да ги стишам мислите, а од толку лежење тапан ми е главата. Мајка ми се подналутува што ме нема да ѝ помогнам, а како би кога секој момент можам пак да се расплачам? Не сакам апсулотно никој да почувствува колку ме боли, не сакам на никој да зборам за него, не сакам ни да го оцрнувам, ни да се жалам, зашто и тоа не помага. Ни сонцето, ни музиката не ми мамат насмевка, немам во што да барам цел за да станам од кревет. Не знаев дека оној кој би требало да те штити од болка, ќе ти ја предизвика најголемата. Ми се чини имам толкава дупка во срцето, што ќе треба цела вечност да зарасне...
Тука на форумов, гушкањето е гратис. Еве ти уште една. А кај мене денес, го снема шефот. Пуф, исчезна. Цел ден чекам меил, го нема човекот. И немам што да работам, па испаничив дека и утре нема да се појави.
Денес се будам со огромна насмевка на лицето. Си велам како да му се оддолжам што ме прероди, што ми го смени фокусот на размислување, што ми ја врати вербата во добрите луѓе? Од денес со нови мисли, со една огроооомна желба за живот, со јасна замисла каква личност сакам да бидам и мотивација да работам на остварување на своите цели. Нема сонце, ама сонце ми грее во душата .
Денес... треба да се збогуваме со кафето. Ех, па ти, со колку нешта сме се збогувале, сега за едно кафе За доброто на сите е. Стварно би да поживеам.. подолго и понормално