Денес ми иде да си ја удрам главата од зид. Или од врата. Или од нешто метално. Само да си бирам треба.
Ќе требаше да останам без работа кгоа највеќе ми треба. Ама чорбаџиите ми најфини на свет ми го обновија договорот, без да побарам од нив. Цел живот ќе им го памтам ова. Не мож`те вие без мене бе. Енд ај сеј, што пие кафанаааа? Шикиридајшикиридана }
Глава боли, ќе прсне. Ова беше напорна недела, помината во чекање. Нека си дојде сабота побрзо, плиииииз! Ете, пак нешто чекам.
Се прашувам дали вреди што сум од тие што не кинат убав цвет, за да не му го скратат животот, што спасуваат бубачки од пајажини, што не убиваат комарец додека не ги касне !? Ми се чини ако волк ми излезе, ќе постапувам со него како кон куче. Зашто ги гледаш нештата според тоа каков си ти, а не какви се тие. И се прашувам, уште колку волци ќе ме искасаат во обид да ги припитомам?
Денес го гледав тоа, александровото оро. И се отвори вечното, неодговорено прашање: шо им е на луѓево бе? Зошто, ама зошто вакви работи? _______________ На добрата страна на нештата - сабота е! Ме очекува малку работа, па некое ручече со винце, убава прошетка, и малку тишина. Многу ги сакам саботните вечери... напорниот ден веќе поминал, викенд е, најадени и напиени, и конечно можеме да фатиме позиција на троседот и да се смееме за глупости, знаејќи дека утре не треба да се мести аларм. Е тогаш, во тие мигови, кога ќе се опуштам и препуштам на моментот, па ќе задремам на сред муабет или филм кај него на гради иако ме боли вратот од позицијата, си викам: животот е баш убав. Денес, има потенцијал да биде совршен ден... уште да не го пуштев тоа орото од сабајле.
Нема да мислам дека секој ден ме удираат бранови од една, та од друга страна...Онака лаички, без цел....Ме маваат и трескаат од земја. Денес ќе избегнам да мислам дека чудните случувања се непосакувани. Ќе ги викам чудесни, ќе ги обожавам и ќе им се радувам. За инат!
Чуден денес, чудни денови... уште почудни луѓе, јас,најчудна.. живот чуден, сичко чудно и чудно ќе остане. За чудаци и лудаци ...само така. Бладам,жива ненаспана.
Денес?! Еден од деновите кога тешко се пронаоѓам во прегратката на напорната динамика, забрзаната циркулација на времето и неизбежната организација сведена на изморениот поглед во часовникот. Ме напнуваат моментите на пакување, ракувања и разговори подредени во некаков хиерархиски редослед и повторно враќање на нештата на своето катче. Некогаш е така за да биде поинаку... И можеби е подобро почесто да вртам нова страница, да испишувам нови редови на различни локации и да разменувам животни погледи низ објективот на црно-белиот свет за да ја занемарам тежината на навиките.
Лаѓите ги пуштам, нека се откорнат од мене денес...Let it Be, Let it Be, Let it Be, Let it Be, Whisper words of wisdom, Let it Be. ~ The Beatles
Денес... знаци, знаци од сите страни. Океј океј, ај гет ит, Универзуму, ќе работам на случајот. Друго, главоболки околу фустани за свадби. Нема ни време, не знам што ќе испадне од мојата идеја.
За воља на вистината, за денес дожд сакам. Сакам капки, капки дожд... Да се одвојат од облаците, да се вивнат надоле и паднат. Некои капки се враќаат во морето, а ни морето не е конечно. Има капки, кои со своја одлучност, одважност и јаснотија продираат во скриените морски длабочини, си ја пронаоѓаат школката и се претвораат во бисер. Молам, за уште еден мајски дожд.