Денес... Споделувам безволие и физичка летаргија под немилосрдните сончеви зраци. Живуркам како булка крај шините...
Денес ....Замалушено Онесвестено... Од една алкохолна бомбоњера, одох да го слушам Шопен. И да, доста ми е од се логично, ај малце нек е магично.
Денес, секој повикан или не се осмелува да донесува заклучоци и да суди. Да се однесува поинаку и да глуми дека се е во ред
Петок... ден пред викенд. Сончев утрински почеток и заморна работна завршница во пропаднатите обиди за разговор со вечерта. Во ситните минути ја посакувам нејзината удобност со препознатлив мирис. И се доверувам неа и ја гушкам со следното поглавје. Мојата перница и нашата сторија.
Денес како и секој друг ден. Растеме,се калиме и ви исчекување на утрешниот ден. И се така секој ден.
И кога после чистење , на виделина, вивнати се сите зборови искажани... Слики, средби и видувања... Малкунѕа си се лутам на себе, што не можев да се скротам.
По моето ултрамегагига чистење, ќе се почастам со едни пантолони. лелеави. Пошто новите, ги скинав , на колено
Денес... се крпам. Уште пред некој ден извадив од нафталин некои од нештичка кои, вала богу го преживеале големиот пожар. Малку ми е неугодно од сама себе некад ама, ден претходно па, мислев сé умрело па и јас со сето. Останало малку зеленко. Ќе го растам,ами како. Мара, Мара..лесно не се дава... туду-ту-ту!
Денес.. Нов месец за нови луѓе. Кој не поминал... офидерзин. Hasta nunca! Нека не се повторат повеќе. Одиме кун сонцето. Солеј ...you twinkle above I twinkle bellow.
Се подзаборавав себе, ради други... Дури се обвинував, колку сум немарлива. Бев и обвинувана Денес, ги заборавам другите заради себе. Сите сме задоволни, нема љутиш
Денес... На влезот во новиот месец нетрпеливо го очекувам бранот посакувана свежина. Јас која не ги сакам дождовните капки сега потсвесно ги повикувам да ми ја измијат аурата, да ми го просветлат патот и така препородена да останам се што сум. Наздравувам за мојот месец со полна чаша оптимизам...
Денес... потрагата по инспирација може да почне. За свињите... од грдите јаболки само. Доста им беше од убавите. Глупости само. Глу-пос-ти.