Денес... остани нормален, продуктивен, насмеам... wear your , say no to bitching and so on. Денес и сите денеси кои следат. i solemnly vow
Денес... ко Кери Бредшо на пат да го запознае Биг. Само јас предалеку од некаква си ти Бредшо, а овој.. дибидус за глумење. интелиџент било новото секси, као. Дај да одмориме. Еве,нов месец.Тамам.
Деновиве слушам само колку сум некомуникативна. Може и не сум.Не се знае. Знам само дека се трудев да сум,цел живот. Од трудење, отруднев. Веќе не. Кожата ми мириса на кокос и лимета,неприкладно со времето.Собата ми мириса на рузмарин. Мешавината од сето, прави да се збунам уште толку. Ми недостигаат луди луѓе, сабота и лудување.Ми фали некаков лик, за разговори, долги. Да зборуваме и пиеме вино, па да ми се истури на фустанот. И да е осетлив, да стане и да си замине кога ќе ми здосади. Убаво, не се чувствувам. А уште помалку пак тажно. Си ги најдов овие, и песна за Нова година. Немам некој револуционерен став за нив, али како инјекција енергија ми се. Ќе пуштам филм со вампири. Да ме одмори. Неткому сум, ама ме одмараат
Недела... раскрсница меѓу викендот и новата работна седмица. Обврски, планови, потреби и желби подредени во дневната агенда. Се чувствувам како тркало вклучено на центрифуга со луди вртежи... Посакувам да сум малата стрелка од стариот и добар аналоген часовник кој ми го заробува погледот во времето на белините на ѕидот. Да потзастанам и да стојам сега и тука... Да дишам во времето наместо низ налетот на невремето...
Денес решив (ко и многу пати претходно) дека ќе се борам и спротивставам, за да бидам среќна, ама не ми поаѓа од раце...
Денес..пoсaкaв дa имaм кaмен местo срце.Пoсaкaв дa мoжaм дa бидaм лaднoкрвнa и безчуствителнa.Мoже еден ден ќе нaучaм дa бидaм.Мoже и не.Тaкoв требa дa се рoдиш.
Денес е среда, 5 октомври, 2016 год. 279 ден во годината. До крајот на годината остануваат уште 87 дена. Сонцето изгреа во 6:34 а ќе зајде во 18:09. Денот ќе трае 11 часа и 35 минути. А конкретно за мојот ден, убав е. И сите денови што следуваат убави ќе ми бидат бидејќи се лошо веќе оставив зад себе.
Денес... јас нема да им дозволам на другите да ме пореметат, јас сама ќе си се пореметам. Таква некоја логика преовладува. Биг е у право. Ова, треба да се изнесе надвор,да се сподели. Доста вишем со таа самодоволност и саможивост. Рече и заклучи по 99615357489560ти пат, откако по 99615357489560 пат направи муабет со 99615357489560от човек. Ај,важи.
Денес си закажав тековна средба со својата душа на тема " Каде сум и до каде сум". Едногласно ја потврдив одлуката за големото присуство на истрајност и го дополнив записникот со старо-нов заклучок до следното видување. До тогаш? Ќе вложам сизифовски труд и молкум ќе го туркам каменот по угорнината.
Размислувам колку премногу причини имам да бидам благодарна или среќна: - будењето во топла постела; - болката во мускулите после напорно вежбање; - фактот што имам кому да му кажам - Фала што беше тука за мене кога ми требаше; - мачорите кои само сакаат да ми седнат во скут и да заспијат; - секојдневната реченица на мајка ми - ти си злато дете; - тоа што е сеуште жива и ме поддржува секогаш кога не верувам во себе; - што за зет имам човек со најдобрата душа на цел свет и што со влегувањето во ова семејство, добив уште еден искрен пријател; - топло какао во студен, есенски ден, во омилената шолја; - прошетките со кучето во прекрасна природа, каде секогаш го наоѓам својот мир; - музиката која ме тера да мрдам со прстите и да му се радувам на почетокот на уште еден нов, преубав ден; ...
Денес како да си го гледам животот одстрана како ми се случува. Конците сами се движат а јас сум преспора да за ги земам под контрола. Ајде, и утре ќе е денес. Ќе биде подобро.