Некогаш, си мислиш примарната причина за постоење,готово те има напуштено. По случувањата, нормално, си мислиш како да остатоците нестабилна земја по кои одиш, само што не се распаднале. Па ќе се фатиш во небрано, и брзо, брзо, во 5 за 12, пред кралицата да го фати кралот неспремен, ќе си најдеш ко Балтазар едно влакненце, и за тоа ќе скокаш. И ќе ти помине како на кутре. И се така.
Само да ви се пофалам дека денеска во темата „Што ви е потребно во моментов?„ напишав дека сакам кафе, лазањи/пица и убав секс и конечно сите цели зацртани за денешниов ден ми се исполнети. КОНЕЧНО !
Денес... и повторно ме мачи мислата за Зимбабве. Периодична си беше де ама, долго ја немаше. Не знам дали потоа нешто ќе се смени или вечно ќе си живеам со ова клетиов србеж.
Денес... кој би рекол дека ќе бидам Wolfie Smith, макар и на кратко,макар и неуспешно ко и неговиот TPF. Кој уствари би рекол дека еден морнар ќе е толкава инспирација и интелектуална стимулација Фук.
Кафе и мирис. Онаа светлосмеѓулава нијанса која се создава на површината, додека го сипам во филџанот. Демек пена, мада не е пена. Кафе и мисли. Почеток и крај. Се ќе биде добро, ако не е , не е крај. А кога ќе се сложат мислите...
Денес официјално имам 22 години 3 месеци и 2 недели И денес, еве симболично од овој ден, овој празник за кој не за џабе рекле чуда се случуваат, ќе почнат и моите чуда и луѓево околу мене ќе бидат многу, многу изненадени.
Како сите што јадат во петок-грав, ние така денес риба. Не знам како не ни се смачи и нас и вас А нешто немам волја ни потреба да се правам тајновита, суптилна, ни трети к***ц.
Денес... еден чуден муабет. Пречуден. Можеше и без него ама, ете, избрав да бидне. И чудното е што, беше пријатен, лесен. Прелесен дури. Ама... тоа оти, другата личност направи да биде прелесен и препријатен. За болен си беше. Не толку за мене колку за другата личност, но. Подобро ќе им е на многумина ако престанат да си мислат дека се подобри од некои поранешни или идни или актуелни или онаквите кои биле, се и ќе бидат измеѓу сите. Кој би рекол дека денес ќе е ваков и за двете. Cheers.
Денес... денес е 1-ви ноември па еве да посветам песна на новиот месец. Уште 60 дена до новата година.
Петок застанал на крајот на работната седмица. Во име на секојдневието испреплетено со луѓе и зборови ми врежа настан во кој се потврди дека некои возрасни немаат скрупули. За волја на вистината, таа категорија ја уништува границата на оние што знаат во кој правец се движат по патеката. Опцијата напред некогаш ненадејно враќа назад... Го отпоздравувам за седум дена со нов лик.