Вторник по утрото се познава. Втор ден во седмицата... Не остава можност за ништо друго, освен механички тапкања по тастатурата. Расплинети броеви на парче хартија си заземаат простор како дождовни капки на бетонското сивило. Желба за успех каде што сум со надеж наречена некогаш... во некои појасни денови...
Ќе треба добро да си го зачистам умот, оти без хигиена и тренинг нему,како по куќи, ништо не бива. Малку тишина, оти нема поубав звук од тишината. За поДОЦКИНА
Денес... гледам серии, пропуштени епизоди, пропуштени сезони и почнување на нови серии, како да не ми е доволно полн периодов со нив. Нели, омилена игра ми се вика колку епизоди можам да гледам во една вечер.
Да знаев деkа ќе постанам ова што сум денес, дека ќе се претворам во ликов сега што куца, не ќе се замарав толку многу . Не ќе се плашев дотолку. Ех, да можев за нијанса да сум полетаргична...
Од сите чудни, пречудни јавувања, пораки, понуди на и од пиле млеко... една да се потрефи (не толку чудна и ненормална) - ок ќе сум. Вака... ме избудалеа. Поима немам што е, а што не е.