Денес... ехото што го слушам со недели... се материјализира. Или бар почнува. Не знам. Е или не е... видеќемо. Се надевам не ќе е.. curiosity killed the cat.
И денес и претходните денесИ, имам кажано дека ми се живее онака,шрековски. Секој шрек завршува со хепиенд. Шрек има три најдобри другари и покрај тоа што е тежок, тие се со него. Тежок баагипонекогаш е секаков, но сепак е свој. Понекогаш, пријателите се сето она што го имаме. И не ти требаат катаљарда, туку еден, двајца. Тројца нек се, како шрековите. Ама вистински
Добив комплимент дека сум била ангел. Кажано со толкава жар и такво воодушевување, што не можам да не поверувам во искреноста. Само посакувам барем понекогаш да се погледнев со очите на другите...
Денес, сонував еден сон , го сонував Него. Баш поради него денес сум супер. Убаво е кога некој што ти е толку далеку во сон го имаш близу. Ама тоа е само ДЕНЕС .
Денес си мечтаам за еден ваков Отсекогаш ми кажувале дека имам скромни желби и сум немала вкус за мажи
Денес испланирав едно подолго и прилично далечно патување..и се истегнав некоја стотка за карта А така ми се купуваше one way карта..ама друг пат
Денес сум собрана како пет пари у вреќа. Како климакс да ме дрма се осеќам. Де ладно , де топло. Де 20тина ќесички чај, скоро
Денес штом се зазори и отворат прво идам у банка да си го трансферирам неделниот профит по сите банки и акаунтите на децата и моите родители. Потоа уз пат за накај маркет ке застанам околу 10 на кафе у старбакс за да бидам во 11 часот пред пултот за рибни производи. Знам дека свежи скалопи и јастрози носат во тоа време од Атлантикот. Потоа до кај едно другарче на работа уз пат накај дома ке поминам таман за паузата за ручек да го начекам у 12 30. Во 13 ке дојдам дома за да подсредам малце по куќа и за да се спремам за ручекот да го направам за да биде готов за околу 16 часот кога се враќаат децата од школо. Послем тоа неам некои планови. Можда ке идам да видам и пробам една гитара кај еден шо продава стално.
Денес... некои фатаморгани нејќеа да се расчистат сами од себе. Е, па, ко нече милом, хоче силом. Buttery saver mode - on.
Денес ,денов ми помина ептен брзо ... Брв на шопинг со мамичка ме испофали дека сум била вредна керќа и дека сама си заработувам, за прв пат без да се караме ,без да забегувам од продавница си имавме шопинг за мерак. После тоа со моите најсакани бевме на ручек. Брат ми со неговите желби нема крај. Цел ручек не замараше дека сака PlayStation а мама го подржуваше што се изненадив ,ептен ќе му бидам лута на тато ако му дозволи да купи.
Изгледа многу сакам во круг да се движам. Каде и да одам, што и да правам,тука,па тука. Да не спомнувам други кругови, отииии, секој еден почна да користи пример за Данте. А не дека знае, не дека прочитал. Туку, од луѓе, од форумцки работи, од реклами филмови шо гледал Па и Беатриче ќе ми ја спомнуваат,мехх.
Денес ми е ден за пеење, танцување, денес сум се смеела како никогаш досега, сама на своите шеги, а и на сарказмот на другите на моја сметка. Денес сум среќна зашто одлучив да бидам, мислам ми се чита од очи колку сум полна со живот, а богами и по насмевката се познава. И најубаво е кога луѓето ќе те прашаат зошто си расположена, а ти ќе кажеш без причина, зашто не се врзуваш за луѓе и предмети, кои лесно може да бидат одземени од тебе.
Денес сум како понеделник, после викенд... Излегов со истуткана фаца, бледи мисли и подвиткани зборови кои ги штедам како банкноти во паричник. Посигнувам и ми прошарува погледот. Чувството на спокој сигнализира од нигде никаде. Одлучно ја затворам преградата и се враќам назад. Ги бројам и прередувам за црн фонд. Толку се колку што се мои. Не планирав така, ама некогаш непланираното е подобро од планираното.