Прекрасно утро....на повидок и прекрасен ден Спокој...некој чуден спокој....и покрај целиот хаос околу мене. Чувството кога ништо не може да ти го поремети внатрешниот мир.....
За прв пат купив блузичка без да ја пробувам. Немаше ниту број, една величина... ама јас надежна, ја гледам и си викам па океј е, точна ќе ми биде, не ми се влегува сега да пробувам. И во право бев. Добро ми стои.
Денес имав убав почеток на денот со тоа што си го видов синоокиот симпатија, купив подароци за внуците и нешто за себе, накратко среќата е во мали работи.
Денеска одлучив да бидам среќна. Одлучив исто така да не дозволам повеќе ништо да допре до мене, одлучив да не дозволам повеќе никој да ме повредува, кој може без мене, можам и јас без него, денеска се решив за никој и ништо да не се замарам во животот. Тоа што го сакам го имам, она што сум го изгубила така требало да биде, остануваат само убави спомени, на кои што ќе се секавам секогаш, кои што остануваат во срцето. Кров над глава имам, среќна сум што сум опкружена со луѓето што ги сакам и што ме сакаат, имам прекрасно семејство знам за кого треба да живеам. Живеам за моите најмили Тие ми се све во животот. Тажна сум само поради една личност а тоа е мојот ангел чувар. Но знам дека и од горе ме чува И сакам уште нешто да додадам кога сум веќе тука запознав прекрасна другарка од тука, која беше секогаш со мене кога ми беше најтешко, која што знаеше секогаш убаво да ме советува, што никогаш не ме остави сама, ти благодарам за све миличка моја, среќна сум што те имам во мојот живот @purple..m те гушкам силно
Денес си пеам на сите песни од vh1, додуша само на овие од мое време и само да кажам дека со музика е полесно вежбањето, чистењето, единствено во медитацијата не ми се вклопува. Се чувствувам како да имам потреба да излезам некаде и да танцувам, без да се замарам дали некој ќе ме гледа, зашто музиката ми поттикнува толку емоции кои прават да се чувствувам живо. Сега засега, само по дома ќе си се глупирам . Секој ден го гледам како прекраток, зашто има толку книги кои сакам да ги прочитам, толку мисли во нив кои ме инспирираат, толку емоции кои течат низ мене... Мал ми е денов, а и секој нареден за сите убавини кои чекаат да бидат искусени...
Ден за себе... Закитена коса со витлери, игра со бои кој лак за нокти ќе се избори за доминација и размена на погледи и мисли во плакарот што ќе ми намигне од строгата линија на купот облека. Кога е во прашање изгледот не е тешко.
Денес.. Станав после 10 снуза, се облеков со тешки муки јер сам у оне дане и отидов на работа. Пиев кафе и сега сум си топ. После работа ќе идам на промоција на книга.