Денес ќе почнам да си правам планер и организација на наредните денови. Ова досега требаше да ми биде направено но се нешто го одложуваше. Така времето нема да ми биде изгубено како досега туку рационално искористено.
Последново тромесечје, со последните атомчиња.... Се покажа, како точно.А некои сезнајковци, цел живот го бамкаат. Ова:
Денес што ми се случи.. Мора да се заведе настанов Пак ми се пушташе еден +15год од мене Па како ме гушна...аууу
Кога се враќав од факултет една бабичка ми пријде и ми рече се изгубив девојче така со солзи во очите незнам како да се вратам до центар, и реков епа добро и јас сум за на тамо можеме заедно да одиме, ми кажа дека има 80 години, и дека оддамна не е излезена од дома и залутала и не знаела каде е, се качивме во автобус и на следната постојка застана автобусот, ми вика каде сме сеа и кажувам дека е рано дека има уште време, и додека влегоа и другите луѓе таа се симнаа, кога се завртев беше веќе слезена, а автобусот замина, баш ми беше многу жал затоа што не и помогнав, а таа стоеше изгубена и се уште не знаешее каде се наоѓа
Денес сум како бран на отворено море... Потпрена на личното искуство научив да бидам осека низ одливот на чувства за да можам подобро да пливам низ лудото цунами. Со помош на замолкната вербалност во позната ситуација уште подобро се одржува нивото на рамнотежа.
Денес ми зовре мозокот Се прашувам на колку степени врие? И притисокот ми се качи.. едно добро Ама мигренава од синоќа не е добра Раштимана гитара
Денес - прекрасен ден! Не знам што прават нормалните луѓе на овој ден, ама јас ќе си ја дочекам 2017та во чиста соба, светнато wc и што да кажам освен - кој ќе ме земе, аир ќе види . Добив пакетче, очекувано за 26 - годишна крава како мене и прекрасен комплимент дека многу слатко се смеам. Се надевам дека 2017та ќе биде исто толку добра ко завршетокот на претходната .
Денес тргнав да купам пакетче за поклон на мало детенце и не најдов поефтино од 500ден си велам уствари шо има да купувам пакетче, синкир децава само за нова година јадат
Стариот парфем. Назад ме врати, ептен. А не го имав ставено од тогаш. Ми го врати она исто чувство, цела лепеза од чувства уствари... Мирисите чудно делуваат на мене. Бар ми ја разби ладнотијата и ми врати неколку грама насмевка. Ќе избледи пребрзо, оти денес ќе јадам од ќофтето на баба
Denes kao treba da pocnam da ucam 3 dena se spremam ama ne ide turni me da kinisam rabotava :/ ahahah koga ja gledam taka knigata 400 strani mi se odmiluva zivotot ama jbg sta se mora mora se ....od DENES
Се смеам на она што лани на денешен ден ме расплакало и размислувам дека можеби она што ме насмеало денес ќе биде причина да плачам некогаш во иднина ...
Нека се живи женчињата околу мене. Со едната, стапив во контакт пак, по чудно прекинување и долга стагнација. Другата, полулуда, се јави од Недојдија. Ај да се врземе на умот сите и да сме посилни од сите верско-мантриски и манихејски песни. Вака не бива, на стаза со пречки.
Денес денов убав. А толку потресување како и што ке биде. Дефинитивно подобро е кога се пуштаат работите спонтано да течат.
Сончев ден со остри зраци... Со погледот ги бркам сенките низ ѕидовите, ги диплам мислите и ги редам на врвот на елката. Таа зелена, а тие зрели како овошен плод во лето. Додека го чекам мигот да го дегустирам вкусот на исходот сама се уверувам дека најслатките нешта оправдано оставаат најблаг впечаток без шлаг.
Денес некако брзо ми помина денот до сега. Одредени ситуации прават мигот да биде вечност и обратно. Човек огорчен ради свое или нечие здравје никој неможе да го изваади од корупките на огорченоста. За жал некои ги обвива зависта,злобата.. Некои тишината.Некој тагува тивко,а некои пак пробуваат да се приграбат со ноктите за туѓ невин грб. Денес нидов на таков случај. Ако гребете,ако така ви олесни,простено ви е.
Денес треба да излезам да си купам вентијага. Некако на моменти мрзата ме надвладува. А стварно ми треба, за вечер. Ке измрзнам ако и вечер излезам по палто. А супер идеа ми текна и да одам ноктите да си ги направам. Имам време до 5. Ајде зивил го можиш ти тоа
Денес напишав еден огроооомен пост во " Што би му кажале" и таман да кликнам испрати... се премислив. Ќе си навлечам главоболки, не за друго.... па еве утешително си пишав овде да не сум без ич