1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Денешното мени (за бебиња до 1 година)

Дискусија во 'Бебе' започната од girl1985, 9 август 2012.

  1. girl1985

    girl1985 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.635
    Допаѓања:
    2.121
    Мислам дека е интересна и корисна тема да споделиме како изгледа еднодневно мени на нашето бебе. Веројатно многу ве интересира како некоја друга мајка го храни своето бебе кое е на слична возраст па задолжително пишете ја и возраста на вашето бебе. Moжеме да се советуваме, да даваме сугестии, идеи и слично.

    Еве како изгледаше нашето вчерашно мени:

    7:00 доење,
    9:00 120ml HIPP2,
    11:00 HIPP Baby's first pap + пасирана банана околу 150gr,
    14:00 малку доење + 90ml HIPP2,
    16:30 домашна супа со морков, целер, пашканат, магданос, тиквица и малку тестенини без јајце околу 150gr,
    19:00 60ml HIPP2,
    20:30 Карамелино со Битолско 3,2 тетрапак млеко околу 200gr,
    22:30 HIPP2 120ml

    Преку ден пиевме малку Bebivita сок од јаболко, вода, јадевме малку чоколадо Животинско царство.
    Преку ноќ цицавме 2 пати.

    Имаме 8 месеци и 13 дена.
     
    На Mari*, DeMelo, Lepaaa и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    2.419
    Допаѓања:
    33.994
    Пол:
    Женски
    Нашето мени не е многу разновидно
    Сега за сега мајчино млеко преку цел ден
    Малце Хипп сок од јаболка
    И кај 19 ч доење и 19 45ч вечерно млекце Беба 150 мл.
    И после се будиме кај 2ч цицаме , и така до 6 ч спиеме
     
  3. AIT

    AIT Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    979
    Допаѓања:
    1.750
    Пол:
    Женски
    8 -цицање
    10 -млеко кравјо 100мл
    12 -свежо приготвен сок од праска,круша и јаболко 100мл
    13 -млеко кравјо 100мл
    16 -пасирана зеленчукова каша од грашак,морков,тиквичка,кромид
    18 -2-3 парчиња посна плазма
    20 -фрутолино подготвено со 3-4 лажици од смесата
    22 -цицање
    На средина помеѓу два оброка и давам вода ,но обично ја плука или ќе испие две капки :)
    Малечката е 8 месеци и една недела
     
  4. girl1985

    girl1985 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.635
    Допаѓања:
    2.121
    AIT биди упорна со водата. И мојата ќерка не сакаше вода да види, ја плукаше и и се гадеше. Вода е многу важно да внесуваат, без разлика што цицаат, и тоа е сепак човек, вода за вода, млеко за млеко. Јас успеав на тој начин што и ја понудив од чаша и така беше воодушевена и пиеше со сласт. Потоа пробав со шише со некапачко клунче и исто така супер прифати. Од цуцла не сака да пие вода. Од чаша сега и давам и јогурт, исцедено сокче од овошка и слично. Испробај може ќе ти успее и тебе.

    Моето шише со клунче е вакво:
    [​IMG]
     
    На janula му/ѝ се допаѓа ова.
  5. girl1985

    girl1985 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.635
    Допаѓања:
    2.121
    7:00 доење,
    9:00 120ml HIPP2,
    11:00 HIPP Јагоди и малини со јогурт 160gr,
    14:00 90ml HIPP2,
    16:30 домашна супа со морков, целер, пашканат, магданос, тиквица и малку тестенини без јајце околу 150gr,
    19:00 170ml HIPP2,
    21:00 HIPP кашичка за добра ноќ Гриз со бурбон ванила 190gr,


    Преку ден пиевме малку Bebivita сок од јаболко, вода, јадевме малку лубеница и пиеше сок од лубеница.
    Преку ноќ цицавме 3 пати.

    Имаме 8 месеци и 14 дена.
     
    На sunfemina му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    22.953
    Допаѓања:
    198.627
    Пол:
    Женски
    Супер сте, терајте така, само имам една замерка - мала е за јагоди - тие се изразито силен алерген и не се препорачуваат пред полна година. Добро е што немало досега реакција, само внимавај и следи ја. Инаку, знам дека на кашите пишува дека е од 6+ или 8+, ама нив така им одговара. Нема којзнае колку јагоди внатре, башка се преработени прилично, ама сепак подобро е да се внимава ;)
     
    На girl1985 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Bozica1980

    Bozica1980 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    6.605
    Допаѓања:
    250.862
    Пол:
    Женски
    Кога ве читам вака со дневно мени почнувам да имам дилеми за мојата исхрана на бебето.
    Јас ќе споделам а вие судете :?:
    Утринско доење
    Доручек околу 9 во парк од ѓеврекот на мама (најчесто интегрален)
    Околу 11 доење и спиење
    Потоа се обидуваме да се напиеме сокче или некое парченце праска ама не е секогаш успешно
    Малку сиренце и уште едно доење пред попладневната прошетка
    Околу 100-150мл јогурт во 20ч
    21:30 Доење пред спиење

    Во текот на ноќва очекувам уште едно доење околу 24ч, околу 03ч и утринско пред 7ч.
     
  8. simonice

    simonice Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2012
    Пораки:
    251
    Допаѓања:
    99
    Мислам дека детето ти е доволно големко за да му даваш и манџичка,кашички ,парените храни од аптека,палента,тарана :!:
     
  9. love23

    love23 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    716
    Допаѓања:
    913
    Во 08:00 наутро цицаме
    Во 11:00 јадеме праска блендирана
    Во13:30 цицаме
    Во 15:00 пиеме вода
    Во 17:00 пак праска блендирана
    Во 18:00 цицаме
    Во 21:00 сокце од кајсија или вода
    Во 23:30 цицаме
    во 06:00 цицаме
    Ќерками има 5 месеци
     
  10. girl1985

    girl1985 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.635
    Допаѓања:
    2.121
    Еве го нашето вчерашно мени:

    7:00 доење,
    9:00 120ml HIPP2,
    11:00 Праска со мелена плазма 150gr
    14:00 90ml HIPP2,
    16:30 Варено пилешко мевце со компир, брокула, пашканат и целер 200gr,
    19:00 Nestle пудинг од ориз и млеко 100gr,
    21:00 120ml HIPP2


    Преку ден пиевме малку Bebivita сок од јаболко, вода, јогурт, јадевме и малку павлака и лепче.
    Преку ноќ цицавме 2 пати.

    Имаме 8 месеци и 15 дена.

    п.с. За јагодите, завчера прв пат и дадов таков овошен дует, знам дека треба внимателно, но овие на ХИПП се ниско алергени обработени и мислам дека можноста да имаме нус ефекти се мали. Благодарам секако на советот, знам дека јагодестите плодови се внесуваат со навршена година, затоа баш јагоди во права смисла како грст јагоди или цеден сок или сличен внес на јагодести плодови ќе имаме за некој месец. :wasntme:
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.
  11. flowergarden

    flowergarden Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2011
    Пораки:
    1.276
    Допаѓања:
    417
    Гледам сите си имате веќе разработена шема за ручкање. Ние уште немаме точно време на ништо, ни јадење, ни спиење. Малото ми има скоро три месеци. Да почнам да инсистирам да создадеме ред на хранење или мислите дека е мала уште? Ја дојам кога сама ќе си побара (најчесто на 2-3 саата).
     
  12. suzan-33

    suzan-33 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2010
    Пораки:
    89
    Допаѓања:
    13
    Уживкајте во доењето до полни 4, а по ново е до полни 6.

    Јас почнав со сокчиња од полни 4 на 4,5 каши овошни на 5 зеленчук,на 6 житарици.

    Нашето мени за денес

    7:00 Цице
    8:00 Праска
    9:00 7 Житарици на Нестле 180гр
    11:00 Јогурт 150 гр
    15:30 Телешко мевце со морков, пашканат, целер, бамји, модар патлиџан,тиквичка,оривче 250 гр
    18:00 Лубеница
    22:00 Хумана кекс млечна каша 180 гр
    23:00 Цице

    Пиеме вода 250 гр,сок 200 гр

    9 месеци
     
  13. girl1985

    girl1985 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.635
    Допаѓања:
    2.121
    Најубаво е да си ја доиш кога самата си бара. Се препорачува исклучиво доење до 6 месеци. Ако пред тоа сметаш дека млекцето не ја држи можеш да почнеш со додавање на оброчиња (но не пред навршени 4 месеци). Обично се почнува со сокче од јаболче, а потоа полека постепено се воведува по некоја нова намирница. Прво ќе додадеш едно оброче, па уште едно, и така натаму. најубаво побарај понатаму, уште ви е рано мислам, шема од педијатарот, што кога како да и воведеш а понатаму самото искуство ќе те води.

    п.с. Исклучивото доење пропагира дека вода нема потреба да се дава до 6 месеци. Но, моето мислење и мислењето на неколку педијатри со кои сум во комуникација за совети во врска со нашата исхрана раст и развој, сметаат дека и бебето има исто толку потреби како и ние возрасните, а водата е нешто што ништо друго не може да ја замени. Да, во мајчиното млекце има вода, но вода си е вода, а млеко си е млеко. Нудете им вода на вашите бебиња, особено на овие летни температури и те како им треба. Нормално е на почетокот да ја одбијат, бебето одбива и по 20 пати нов вкус додека да го прифати. Тие се навикнати на млекцето кое е благо и нормално водата им доаѓа како нов "вкус". Бидете упорни, многу е важно да пијат водичка.
     
  14. flowergarden

    flowergarden Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2011
    Пораки:
    1.276
    Допаѓања:
    417
    Да, да знам. Ако нема потреба не планирам да и давам никаква друга храна до 6 месеци. Ни вода не и давам. Мислев на распоредот за оброци (млеко). Гледам вашите јадат во 7, па во 9, па 12 и сл. Ние не гледаме на саат и и давам кога ќе бара. На тоа мислев. Дали да инсистирам на саат да јаде или нема потреба?
     
  15. suzan-33

    suzan-33 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2010
    Пораки:
    89
    Допаѓања:
    13
    Водичка можеш да понудиш сега е многу жешко си треба да пие по малку.

    А што се однесува на доењето ние никогаш не гледавме на саат кога ни се цица тогаш
     
  16. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    22.953
    Допаѓања:
    198.627
    Пол:
    Женски
    Flowergarden, убаво е бебето да си има ред, всушност и бебињата го сакаат тоа, кога знаат што да очекуваат, нели, ама треба малку да и' помогнеш и ти :) да, убаво е да цица кога сака, ама најубаво и за бебето и за мама е на два-три часа да биде секој подој.
    Инаку, што се однесува до нова храна - почекај до 4 месеци, при што ќе почнете со пробување на вкусови и навикнување на истите, и со тоа да можеш да оцениш дали нешто сака повеќе или помалку и дали некој продукт предизвикува некаква реакција. Со самото пробување и навикнување на вкусовите, кога ќе треба да заменуваш оброк со полни 6 месеци, ќе ти биде полесно. Можеби се советува ексклузивно доење до 6 месеци, ама факт е дека тие деца потешко ја прифаќаат храната.
    Да ми беше овој ум и искуство сега, со 4 месеци ќе почнев само со пробување вкусови до 6 полни, и дури тогаш ќе дадев цел оброк првпат. Ама јас порано почнав да заменувам оброци, и криво ми е поради тоа, затоа што мислам дека поради тоа детето не ми сака млеко, иако пие јогурт и јаде кисело млеко.

    Божица, крати од доењето, големи сте веќе. Ќе скратиш на подои, ќе бидеш упорна со давањето на цврста храна, оти колку ќе можеш да ја доиш, година, две? Што после? Не ме сфаќај погрешно, јас знам дека си свесна оти малата треба да јаде и друга храна, ама само да ти кажам дека треба да бидеш упорна во воведувањето цврста храна, мора детето да се навикнува.
    На таа возраст син ми прво цицаше, после јадеше или палента или жолчка од јајце со кифла и сирење плус чаша јогурт, за ужинка имаше овошје со житарици, после за ручек некоја манџичка со месо прилагодена на неговата возраст, за ужинка лепче, овошно јогуртче или некое овошје и за вечера млечна каша со житарици. И после тоа цицање.
    Важно е дека појадокот и вечерата не треба да бидат подоцна од 9 часот наутро, односно 21 часот навечер. Житарките се препорачливи двапати дневно во оброк и тоа еднаш со овошје, еднаш со млеко.
    Водата е задолжителна на високите летни температури, без разлика дали детето цица или не.
     
    На Bozica1980 и AIT им се допаѓа ова.
  17. AIT

    AIT Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    979
    Допаѓања:
    1.750
    Пол:
    Женски
    Прво би сакала да споделам со вас едно помагало кое неодамна го открив во Зегин и мислам дека би можело да им помогне на оние мајки чии деца не сакаат многу да јадат.Се работи за направа на Нубу за јадење на свеж зеленчук и овошје со помош на шмукање. Се состои од една рачка и една мрежичка .Во мрежичката се става парче овошје и бебето си шмука и си јаде од ситните парченца кои ќе излезат од дупчињата(парченцата кои излегуваат се многу мали) Во зегин првиот сет од рачка и една мрежичка беше 250 денари ,а дополнителни 3 мрежички се 152 денари. Од аспект на сигурност е многу сигурно,а барем мојата многу убаво се забавува и им помага на запчињата полесно да избијат ,а воедно и јаде од него.
    Е сега менито
    8-цицање
    10-млеко кравјо
    13-сок од свежо овошје
    15-манџичка од зеленчук со телешко месо
    17-јогурт
    19-фрутолино
    21-цицање
    Во меѓувреме плазма ,вода и овошје и овие работи се повеќе за нејзина занимација за јас да можам да завршам некоја работа
    Морав да редактирам зошто го заборавив чоколадцето кое и го дадов односно 1/8 животинско царство,а и направи ептен голем мерак ,после него уште десетина минути шлапкаше и си ја лижеше устата :D
    http://not-always-right.co.uk/review-nuby-nibbler-fresh-food-feeder/
     
    На Bozica1980, Annath и girl1985 им се допаѓа ова.
  18. girl1985

    girl1985 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.635
    Допаѓања:
    2.121
    AIT од кога почнавте со кравјо млеко и какво и даваш? Го разредуваш или?
     
  19. Bozica1980

    Bozica1980 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    6.605
    Допаѓања:
    250.862
    Пол:
    Женски
    ^Знам дека не ме прашуваш мене ама да се вмешам малку во муабетот :lol:
    Пред некој ден гледав на тв еден др. педијатар по повод светската недела на доење и сугерираше да не се започнува со кравјо млеко пред година дена поради можноста да се јават алергии со кои детето ќе треба да се бори цел живот.
    Е сега мене малку ми мати памет како тоа е ок јогурт и кисело млеко а не е во ред обично млеко :^) :?:
     
  20. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    22.953
    Допаѓања:
    198.627
    Пол:
    Женски
    Има разлика меѓу кравјото свежо млеко и јогуртот односно киселото млеко. Точно е дека сите три се кравјо млеко, меѓутоа, разликата е во тоа што киселото млеко и јогуртот се полесни за варење, плус (што е многу важно) содржат бактерии - и тоа не било какви, туку ацидофилни бактерии кои помагаат во варењето на храната. Помагаат и во зајакнувањето на имунитетот и делуваат превентивно врз појава на инфекции кои може да предизвикаат дијареја. Ова се предности на обичното кисело млеко и јогурт, а може да се замисли колку е покорисен јогуртот кој содржи пробиотици (лактобацили), само недостаток му е што обично е со помала масленост. А не е пожелно мастите да се ускратат во бебешката исхрана.
    Кравјото млеко не е толку хранливо (ама многу, многу зависи дали е домашно или индустриски произведено), содржи протеини и минерали кои можат да ги оптоварат и желудничето и бубрезите, не содржи многу железо, може да предизвика анемија, а кај поосетливи деца дури и губиток на мали незначителни количини крв преку системот за варење (што секако не е добро). Има и случаи каде што кравјото млеко помага во развојот на бебињата многу повеќе од АД млекото (кога бебето не е на доење).

    Јас искрено, дадов, т.е пробав да дадам кравјо млеко после полни 6 месеци, откако мојов ми откажа љубов према Новалакот со кој го дохранував. Прашав педијатар дали да го сменам АД млекото или да му дадам кравјо - ми рече слободно да дадам кравјо. Кај нас не се баш унифицирани во ставовите, ама тоа е. Сметам дека на крајот сè останува на нас мајките, ние самите да одлучиме што ќе правиме, и што мислиме дека е најдобро за нашето дете.
    Ама, исхраната во првата година од животот е исклучително важна - не дека не е и понатаму, ама во првата година токму преку исхраната се откриваат евентуалните понатамошни проблеми кои детето би можело да ги има понатаму во животот - од типот на разни видови алергии, целијакија и слично - ама имајте на ум дека со храната вие не предизвикувате ништо - ако генот за одредена алергија или болест постои, тој ќе се манифестира, без разлика дали вие давате органско или неорганско, домашно или купечко - важно е на детето да му се створат здрави навики кои ќе ги има и понатаму во животот.
     
    На valeristoska, Bozica1980 и AIT им се допаѓа ова.