Доење колку сака кога сака Појадок: суви сливи и јаболко Ручек: виолетов батат со карфиол и малку млад кромид
Кога воведе карфиол? Ние сме една недела разлика со вас,па те следам редовно во мени.Крадам идеи некогаш
Денес прв ден. Според табелата по која се водам карфиолот и брокулата се 6+, брокула воведов малку порано, а карфиол денас на 7 ипол месеци. За нови идеи секогаш се добредојдени , јас најчесто се водам по она што го имам дома
Одамна не сум пишала ама што да пишам кога менито од доручек и ручек ни е сведено на 90% овошје Никогаш зеленчуковите кашички без овошје не ги пројаде. Мислев дека кога ќе воведам кисело млеко ќе сака ама ќе изеде 4-5 лажички и тоа со сила, а со овошје си ги јаде без проблем. Не ми преостанува ништо друго освен да си засукам ракавите и во двор да си направам една овошна градина Нашето денешно мени: Доручек: Варена тиква и круша Ручек: Тиквичка, морков, јаболко и м.масло Цицање кога сака и колку сака
Нашето денешно мени: * Доење кога сака, колку сака! - Појадок (10:30-11:30) - Каша/ Јаболко и цимет * Доење кога сака, колку сака! - Ручек (14:30-15:30) - Каша/ Модар патлиџан, батат, цвекло, просо и магдонос * Доење кога сака колку сака! - Ужина (18:00) - Овесни снегулки со јогурт - Вечера (20:00-21:00) - Млечна каша со кекс
Денес купив кокосово масло, по колку ставате во кашичките и дали може во комбинација со млеко? На пр. банана к.масло и млекце ???? А путер по колку ставате? ние јадевме м.масло ама денес педијатрот рече путер дека е покалоричен е бебушка 11 месеци е слаба мн ,демек покалоричен.Поззз
јас му давам кокосово малку од лажиче си го јаде дирекно, не му ставам во кашички од причина што ке го мени вкусот на кашичката, и си го сака така чисто
Појадок: слива хип - Одвај пола мала тегличκа Ручек: компир, карфиол и домат (втор ден) + маслиново масло (за 5 минути го снема ручекот) Вечера: просо со кисело млеко Дефинитивно сакаме кисели вкусови.
При крај на варењето го ставив неколку минути да се обари, одма омекнува и лушпата се вади многу лесно. Вчера му дадов четвртина, денес половина од мало доматче.
При крај на варењето го ставив неколку минути да се обари, одма омекнува и лушпата се вади многу лесно. Вчера му дадов четвртина, денес половина од мало доматче.
Нашето денешно мени: Доручек: Јаболко, банана, праска (од домашен компот) и ц.цимет Ручек: Боранија, морков, тиквичка, пашканат, јаболко и путер Цицање кога сака и колку сака
Нашето денешно мени: плазма со јаболко и праска пилешко, морков, путер, карфиол, пашканат, компир палента, вишна, слива Цицање колку сака
Појадок: праска хип (од утре пак почнувам со свежо овошје да пробам дали ќе јаде) Ручек: сладок компир, брокула, домат (трет ден) + маслиново Вечера: кус-кус, вишна и кисело млеко/јогурт.