мајки по колку грама им е оброк на вашите деца? Да знам по колку да им давам, инаку палента давам од 6 месеци во комбинација со овошје, и јадат, а за месото го варите, или пропржувате со малку масло?
Majki malive se ova go jadat? P.S.Jas veke skoro 10 dena nervi skinav,edvaj po 5-10 lazicki ke lapne.Sto faza ke mu bese na maliov moj?
знам дека треба само варено, прженото не е здраво, ама моите никако не јадат зеленчукова каша, дури се чудам како вашите јадат спањак со ориз, пашканат лук кромид и пиперка, или брокула со морков и кромидче,читам дека ставате и малку маслиново масло. па затоа прашав дали смее зеленчукот малку да се пропржи, колку да омекне, да добие друг вкус...и незнам колку лажички е нормално да има еден оброк... за да биде доволно а да не бидат прејадени
@volsebna Кога ќе биде готова кашата, т.е. варен зеленчукот и блендиран тогаш можеш да ставиш малце маслиново масло, или во текот на блендирањето, а никако немој да го пржиш зеленчукот со него. За нас не е здраво а тек не за нив прженици да јадат! Инаку јас му правам околу 150 гр. Некогаш јаде помалце,некогаш бара повеќе. @PUPICA и ние деновиве со јадењето сме тешки.Јаде ама не како што си јаде по обичај. Ама гледам првото запче ни излегува, денеска баш го осетив, грепка по малце Иначе моево дете никако несака во столчето за јадење да јаде.Он неќе ни да седи воопшто,а во столчето мора и додека се нараниме нервози еден куп, и на крај во релаксаторот ќе завршиме за да касне. Ама се заинатив од денеска нема станување, мора да се научи, па ќе видиме.
Имам прочитано дека 4-8 големи лажици е нормален оброк за бебе. Од мое искуство, 4 му се малку, отприлика кога го празнам блендерот гледам дека 6-7 полни големи лажици доаѓаат до кај 150г. Ако имаш тава што не лепи, можеш да пропржиш без масло, ама мислам дека пржење само ќе го засуши зеленчукот. Немам пробано. За проба можеш некое јаболче да додадеш во зеленчукот. На крај на краиштата, на запад многу често кашата од јаболка (applesauce) ја користат како замена за масло, путер или дури и јајца во некои солени рецепти (главно печени). Можеби вкусот ќе им се допадне.
Доручек : спелта, суви кајсии и сливи од компот Ручек : телешко, црвена леќа, морков и кромид и м. Масло Вечера : просо и тиквичка За утре* Доручек : ржани снегулки, банана и јаболко Ручек : жолчка, ориз, спанаќ, карфиол, пашканат Вечера: јаболко, морков и цвекло
(10м - 2дена) Доручек: јаболко, банана и овесни снегулки Ужина: цвекло и морков Ручек: боранија, модар патлиџан, кромид и жолчка Вечера: палента со кисело млеко
За доручек имаше: Печена тиква, блендирана со мое млекце и малку ц.цимет. За ручек ќе има: Телешко, компир, кромид, пашканат, морков и маслиново, телешкото ќе го варам прво, па после сакам се да ставам во рерна со водичка да се пече
8+ д-тиква,морков,круша и плазма р-бујон од тел.месо,ориз и лебче денес немав време да правам,па затоа си одмрзнав една тегличка од бујонот,направен од телеѓки коски,морков,компир и брокула па сето тоа блендано.. в-гриз со банана и путерче овде прашав,ама не добив одговор-јапонски јаболка,урми и смокви од кој мес.се даваат?
Не не го варам и искрено ретко го и купувам .Меки се и слаткасти но има и таков вид кои доколку не се потполно зрели горчат.
здраво мајки и од мене , и ние веќе цел месец како поминавме на храна да се раниме, ве читам ама ретко пишував, имам искуство со првото, па немам толку прашања, да пишам еве јас за јапонското јаболко, пред една недела му давав, беше многу меко, го излупив и изблендирав, не беше горчилаво, го изеде, треба да се меки ј.јаболка, ако се тврди ставете ги на собна температура за недела дена ке омекнат, на мне ми стојат во кујна на чинија, и која како омекне му давам,,ние имаме 6 ипол месеца, прашањето ми е од кога почнавте да ставате кромидче во зеленчуковите каши...поздрав