Да се активирам малку Доручек: хип мелени со млеко јаболко банана и кокосово Ручек: бело пилешко мелен ориз брокула морков маслиново Многу рано ручеков па до после сигурно ке и се јаде, и имам спремано млечен гриз на хип ноќна
Едно прашање имам. Како се става масло во кашата на крај се додава или во водата додека се вари зеленчукот?
Јас ставам во блендерот, пред да ја блендирам кашата. Варам на пареа потоа оставам малку да се излади зеленчукот и ставам во блендер и турам мало лажиче масло.
За денес. Појадок: 1 банана и просо Ручек: 1 батат, 2 китки брокула, 1 парче цвекло, пашкант и лажичка масло од репка. Бебе 7+
Нашето денешно мени Доручек: Палента, банана и 1/2 жолчка Ручек: Компир, морков, карфиол, з.пиперка, 1мал лист блитва, маслиново Вода + млеко До после ке видиме ако ми е гладна имам Карамелино со млекце 8+ (уште една недела 9)
Доручек: банана, вишни замрзнати, јаболко и 2лаж кефир Ручек: Домашно пилешко со 1/2 авокадо, 2лаж мелен ориз и пола морковче .. Млеко слабо сме пиени
Дoручaк: 2мелени хипбисквити сo кaшa oд хип јaбoлкo и бaнaнa сo кекс Ручaк: 1/2 мoркoв, брoкулa, 4 тркaлцa з.тиквицa, 2лaж кинoa. Кoгa мoжеме дa пoчнеме сo тестенини и леб? Уште некoлку денa сме 9
Слободно веќе почнете. Само тестенините ( шпагети или макарони ) обавезно посни зашто белка сеуште не сте вовеле.
Ах денес за прв пат и дадов срединка од домашен бел леб, па како го искрка душичка, уз јадење, ама кашата денес до пола ми ја изеде дан се засити..м? Доручек ни беше ептен касно кон 10 (по старо 9)тогаш и се разбуди имавме: мелени овесни снегулки (Виталија) сама си ги мелам во блендер со 2лаж полномасен јогурт битолски Ручек: Пошо ја имам книгата Бебе Готвач и направив рецепт за 8+ онаа кашата со прокељ, компир морков и јас додадов 1/2 жолчка ама до пола само...ја изручка, изгледа од лебот Вчера не вечеравме ама денес слабо ми ручка ке и дадам неколку лаж гриз со варена тиква и банана Да редактирам: поневкусно од Карамелино не сум пробала, ја исфрлив цела паковка и така поклон ми беше
Сакам да ја купам книгата бебе готвач, прочитав дека ја умаш, ама незнам дали се исплати, околу 1000 ден, е мислам. Јас ја имам симнато апликацијата, ама таму има само рецепти. Книгата мислам дека има многу повеќе содржина. Рецептите на апликацијата се од 6+, а моето бебе е 5+ и веќе почнав со кашички. Се мислам дали да ја купам? Совет?
Во книгата има преку 200 рецепти има дохрана, па 6+ до 12+ интересна е нема да зажалиш... Денес на мени Доручекот ни беше касно .. домашна посна кифла со јогурт Ручекот и тој касно 16:00 Тестенини (Sentella) малу телешко з.тиквица, морков Вечера нема.. млеко пред спиење Веќе сме 9
Да се пријавам денес Д: Мелени хип бисквити (измеѓу и си грицкаше по една и неколку Лино смоки) со рендано јаболко, 1/2 банана, кокосово Р: Зајче со компир з.тиквица, морков, пашканат маслиново.. Се изблендирано и плус неколку грама од зајакот да си џвака.. За десерт една коцка животинско В: Ќе и спремам овесни снегулки (виталија) и 1/4 авокадо Воранија од колку м? И црвена пиперка? И леќа од црвената?
Црвена пиперка можеш да дадеш, јас на 7+ дадов. Да те прашам какво зајачко месо даваш? Од домашен питом зајак или?
@orhideea Од домашен да, го варам 3-4 саати , макар што сум слушнала дека од див подобро било, природно си се ранел...
За денес имавме Од сабајле одма со жолчка и пасирана банана За ручек *вариво со спанаќ и компир За вечера немам идеја, има некој идеја? Само да не е гриз * 1лаж ориз, 10 листови спанаќ
Направивме пченкарен гриз (од биокосмос) со печени јаболка и кокосово а во меѓувреме и си џвакаше печено јаболко Едит: зашо никој не ме дружи?
Секој ден и оставам ливче на фрижидер со мени за бебе на жената Доручек Нестле 8 вида житарки и жолчка Ручек Спанаќ, ориз, морковче, лукче и путер Вечера Палента и кисело млеко
Ај и мене праќај ми секое утро мени, ули уште поубаво од вечер ако можеш за да се припремам. До минатата недела имав неделно мени и полесно ми беше. Оваа недела не го спремив и еве секој ден се турфкам што да спремам