Направив едно мени за неколку недели, како прирачник по кој ќе се води свекрва ми, па и јас. Еве нека послужи на некого за некоја идеја. Бебе е 9+. Може ќе го сменам со тек на време и ќе украдам идеја и совет од тука ама првично завршив работа, да не ми е мисла
Денес доручек Палента, банана , пола цвекло и неколку цреши за проба Ручек ( превземан од @manako1 ) Ориз,спанаќ, жолчка, кисело млеко, лук и маслинов
@Igle супер ти е идејата, треба и јас да направам вакво нешто не да смислувам на работа па да звонам кај мм хаха. Па имало, немало намирници дома. Вака мирна глава.
Појадок Јаболка и овесни снегулки потопени во сок од кајсија Ручек Ориз,тиквичка и цвекло Овде има интересни идеи за оброк http://www.receptizabebe.com/?m=1
Појадок денес: Цвекло, морков, јаболко, праска и 1 бисквита - превкусно беше, бебе изеде се Ручек: телешко, тиквица, брокула, кромид, лук и путер Вечера веројатно кифла со абц намаз
Појадок- круша, јаболка и банана Ручек- ориз со тиквичка, морков и млад кромид Вечера- гриз со банана
Ели пред две недели прво му дадов лино смоки сам да јаде и беше успешно. Си ги ручка, научи како, па пред три дена прв пат му дадов домашн акифла, средината мекото ама мали парченца и ги џвака. Секако се меки и еве денес парченца со абц ептен му се допадна. Инаку кифлата е по стандард рецепт со јајце и млеко, нема реакции од ништо. Кифлите така се највкусни и не мислам дека којзнае која количина млеко и белка внел со срединка па давам и ич не мислам
Мени з аутре смислено па да пишам Доручек. Просо, тиква, круша и слива Ручек: Пола мал печен компир, пола печен модар патлижан, две резенки печена пиперка, лукче, маслиново масло + жолчка и кисело млеко Вечера: Банана, гриз и вишна
Тиква од каде наоѓаш? Нашето денешно мени Доручек Просо, јаболко, кајсии Ручек Телешко, карфиол, морковче, лукче и маслиново Вечера Гриз, банана и вишна
Ано, имам замрзнато од зимоска ама еве за уште 3-4 пати имам максимум и толку, а син ми ја обожава :/
Појадок- палента со јаболка, банана и круша Ручек- пилешко месо со компир, морков и младо кромидче. Вечерата најверојатно ќе биде готова кашичка од гриз и кекс бидејќи сме на роденден