Има и кај нас што одгледуваат. Ама немаме навика за сладок компир кај нас, можеби ќе се создаде со тек на време. Големиов ко што не сака тиква, сигурно нема ни бататот да го сака.
Не мора да значи дека нема да го сака. Малку е поинаков вкусот. Плус има и со некој вкус како на костен. Мојов тиква не сака да види а батат си јаде без проблем.
Ни тиква, ни костен не сака. Уште штом ги види добива нагони за повраќање, не па да проба. Многу е тежок за такви работи сега. Порано дури беше мал и не разбираше можев да му направам било што и не пребираше. Сега пребира што ќе јаде, за разлика од малово.
Денес Доручек омиленото-гриз, вишни, банана и ц.цимет Ручек -зајачко, ориз, брокула,пашканат и маслинов Вечера -палента, путер, к.млеко.
Мешам веќе по две намирници ама јок...може кромид,лук,маслиново кога ќе има ќе пројаде или бетер недај боже ќе биде...Па и два оброка има веќе еден овошен друг зеленчуков а тој едвај јаде прв оброк 125гр.втор за старт 50гр..а вкупно дали јаде 70гр.Трпелива сум пополека со песнички со музика не го ни силувам но тажна сум и страв ми е за во иднина како ќе биде.
Црвената побрзо се вари и има понеутрален вкус. Плус е лупена па полесно е за варење на мешето. Кафеавата е таа што отсекогаш си ја имаше кај нас и е малку потешка за мешето. За бебе јас би црвена па ако сака да јаде леќа подоцна можеш и на кафеава да прејдеш.
@stevemila мене педијатарот ми рече кафена после година заради потешкото варење, му давам црвена и ја обожава
Дадов и јас кафена, ама следно планирав црвена. Ете незнаев дека е полесна и лупена, а лушпата е уствари тоа што им пречит на мешињата.Тука најверојатно поконцентрирани се фитатите.
Доручек Просо,тиква,кајсија Ручек Боранија-првпат, тиквичка,телешко и лукче Вечера Овесни снегулки,јаболко и авокадо со ад 30 мл
Доручек Јаболко, цреши и авокадо Ручек Телешко, грашок, кромитче, тиквичка и путер. Вечера уште не е смислена.