Јас пак хип ги сметав за најдобри ,мислев од органско узгајани овошки и зеленчуци се Сега се замислив малце.
Сите така мислиме, ама познавам луѓе кои до година дена само од хип кашичките им даваа на бебињата. Плус ние сме земја која дозволува користење на гмо производи? Нели треба да биде наведено на производот?
Ние само што почнавме со дохрана, ама имаме пробано од Хипп производите. Баш во вчерашното мени имавме Хипп каша, а и сокчињата ги пиеме. Баш да не знае човек што да му даде на бебето да јаде Воглавном дома и правам кашички, мерак ми е ептен, особено кога ќе го испразни чинивчето, ама кога одиме на гости земам Хипп кашичка и сокче Вчерашното мени: - 12:00 - каша од слива (изеде околу 100гр) - 16:00 - банана и круша 100гр. Во текот на целиот ден 100мл сок од јаболко и 20мл вода. Доење преку целиот ден кога и е кејф на бебушка.
За денес: - појадок јаболка и банана - ручек бифтек, пашканат, морковче и зелена тиквичка. Ако не јаде од ручекот многу, додавам мало лажиче кисело млеко и јаде ( маска).
09ч 120мл ад млеко 11ч ад млеко 14ч пилешко со чорба(звездички со морков варени со малце маслиново) 17ч ад млеко 19 пудинг 20ч 22ч ад млеко Намали со јадењево не го јаде ни половина
Вечер ни изеде околу 3/4 лажички, оти намали си јадењето и не сакаше повеке. Инаку ако е касно не и давам многу ако е до пред вечер до 80гр не повеке,инаку ова се за мали деца од мио,има и мешани со банана ама не ги сака многу мешаните,некој пат и домашен и давам.
Појадок во 10: варен ориз со млеко и нествик (блендиран) Заспивање во 12 часот со компот од капини. Ручек во 15 часот: грашок со јогурт За вечера палента и круша. Заспиваме околу 23 часот со аптамил. Имаме уште два ноќни оброка и тоа околу 3 часот сокче или компот и околу 7 наутро млеко. Имаме 7 и пол месеца Настојувам во текот на денот да има по една млечна, овошна и зеленчукова каша, па по истиот редослед и ги давам.
Нашето денешно мени изгледа вака! * Доење кога сака, колку сака! - Појадок (11:00-12:00) - Каша/ Јаболко и морков * Доење кога сака, колку сака! - Ручек (15:00-16:00) - Каша/ Спанаќ и ориз + маслиново масло
Ноќен оброк сокче?! Мајка извини ама мислам дека ова ти е огромна грешка. Дневе оброк јас не давам сок, па не ноќен. Сепак ти си знаеш, но според мене сокчето не е јадење и во никој случај не заменува млеко.
Нашето денешно мени изгледа вака! * Доење кога сака, колку сака! - Појадок (11:00-12:00) - Каша/ Јаболко, банана и киноа * Доење кога сака, колку сака! - Ручек (15:00-16:00) - Каша/ Спанаќ, компир и морков + маслиново масло
За денес: * освен доење нон стоп - појадок кашичка од праска од хипп - ручек каша од пашканат, младо кромидче, карфиол и бифтек. Јагода за киноата ми кажаа дека малку горчи па требала да остои во вода, да пушти нешто бело, па убаво да се измие и потоа да се свари. Како ја правиш ти?
Јас прво ја мијам убаво, потоа во зовриена вода ја ставам да се вари 15-20 мин. па чекам 5 минути да се излади и ја ставам во овошната кашичка. (Така пишува на ќесичката) Ја пробав, не горчи и нема никаков вкус!
Може, мене така ми кажаа. Од др.нефела ќе почнам со житарици. Неделава ново ќе дадам авокадо и некоја млечна каша што се раствара со вода. Време ни е за трет оброк.
Mami da prasam dunja smee da se dava dunja imame 9 meseci da mi kazite kako ja prigotvuvate i vo kombinacija so sto ja davate.