За 10 мин бев готова вчера Парачот спремен. Скинав 3 китки брокула, 10тина листа спанаќ. Измив брзински и пуштив на пареа. Дур тие се правеа, јас вода за ориз спремив и оризот во блендер. За 10мин беа готови и другиве, ставив во блендер и одма да јаде. За друг пат ова ми е брза варијанта арно беше ден без месо
Вие озбилни сте дека друго им правите ако не ви го бендисаат првото што сте го направиле? Никогаш тоа не сум го направила, истото го давав колку и да не го сакаа. И сега исто правам, тоа што има за појадок/ручек/вечера, тоа ќе јадат. Големиот си го прашувам што сака, и заедно носиме одлука, малово уште не знае да бира. Ама сакам да ги научам да не пребираат, оти еве, мм ептен пребира, оти свеки како мал ептен го тинтрала, ако не јадел тоа што имала за ручек, му правела друго.
П- гриз, банана, вишни Р- манџичка компир, грашок,морков, кромид, домат, пиперка и малку лепче. Ставив и од водата во која се вареше месото од петле, беше мрсна па затоа не ставив во јадењето путер или маслиново В- лепче, путер и домат
Нејзин проблем Се шалам. Мојава не е прибирлива, ама некогаш се случе малку да апне, после некое време пак ја понудам од истото. Ми се има случено да додадам плус овошје или зеленчук што го сака, ама друго да правам не
Гладно ќе си легне Се зезам, пак нудам. Не се глупави да сфатат дека нема друго, па ако им се јаде, ќе јадат.
Јас нудам сабајле, секој ден, овошна каша, домашна. Со палента, ориз, просо.... Пробува, се мршти, плука, се гади. Давам вода. И уште два три пати се обидувам. Најчесто потоа давам парчиња банана, праска, слива.... тоа обично каснува. Цица и заспива. За ручек не е проблем. Што и да е, само зеленчук да е.
Кај моево со ориз на холе некако поминува кашичката овошна. До 60ка лајт. После тоа на гурање. Денес со бисквити лапна солидно.
Ма не со ориз, со бисквити, со се пробав. Дури еднаш дадов палента, слива и батат. Помина. Сркна 10тина пати. И толку. Денес дадов хип јаболко и морков, пола кашиче изеде со мрштење. Ама затоа ручекот (компир цел, брокула, пашканат кругче, тиквичка и кромид, и маслиново капка) излапано се. Цвекло кога се дава?
Мене денес со бисквитна каша и 2 јаболчиња прв пат ми лапкаше убаво. Не сака овошје изгледа. Ручекот топ. Лапни, голтни Не знам за цвекло. Не сум дала уште. @Annath сигурно знае.
Имам симнато една српска апликакија, нешто ко бебе готвач, и во неа вика од старт на дохрана може нетретирано, а третирано од 8+. Тука се преварив.
Моево ич не е пребирливо Се јаде со сласт од овошје, од прва ни плукна ни ништо Кој било вкус си шлапка Од 5+ почнав и зеленчук.си го прифати и тоа супер. тропка со ноџиња се дере од среќа и крка  Фала богу ќе немам проблеми со пребирливост ако ништо друго.шо му дадеш си јаде како дупната торба е Денес прв оброк праска Втор зеленчукова каша со морков компир пашканат кромид
Pojadok: pcenka Hipp, nektarini, modri slivi. Rucek: blitva, brokula, oriz, lukce, morkovce, puter, zolcka. Vecera..
Денешното мени Доручек - кајсија, крушка, житарки Ручек - тиквичка, домат, пиперка, жолчка Вечера на шетање ноќна каша на хип Утре Доручек - Гриз, праска, аронија Ручек - телешко, боранија, морковче, лукче со малку маслиново Вечера ќе смислувам што може да се спакува зошто на роденден сме. Најверојатно палента, абц, путер и к.млеко
Не правам одново, истото го давам. Стои, ако не е блендирано, во фрижидер. Јас сум давала јадење подготвено од претходниот ден. Само не блендирав.