Ако е изблендирано? Сум и јас да нудам и да не правам друго, ама па некои работи нели не стојат долго, нели не се подгреваат?
Па секако зависи што, компир, спанаќ, брокула и слични не давам од вчера приготвено. А друго може. Ако е блендирано јадењето ќе пушти многу вода и губи на квалитет и вкус.
Затоа и прашувам, како да го нудам цело време истото ако ми го одбива? Саат време не е проблем, ама повеќе, па и по 2ч дремка?
Пола да блендираш, другото да го оставиш така цело, да се најде за подоцна ако првично го одбие јадењето. Ама на крајот на краиштата, прави си како што мислиш дека е најдобро, ти си го знаеш детето дали ќе јаде или не. Моиве јадеа по неколку пати понудено кога ќе огладнеа. Затоа и не сум правела друго јадење.
Јас би сакала се да јаде и би нудела истото, ама читав да не стои долго и затоа џиткам Ме интересира како правите вие за да искористам искуство. Од тоа нудење само што сака, да бебе ќе се најаде (еден проблем помалку), ама затоа друг проблем - ќе јаде охраничена храна и ќе пребира
Тоа е маката, ќе пребира, и после како ќе расте, се повеќе и повеќе ќе пребира и ќе се ограничи само на две три јадења. Зеленчуковите јадења стојат, на вакво време во фрижидер, немаат гајле. Не мора да се подгреваат. Овошјето е друга приказна, оксидира без разлика дали е блендирано, пасирано или само пресечено. Затоа не треба да стои подолго.
Кокос кога воведе?? Јас сум дала кокосово масло веќе, па се смета како воведено или Ај да пишам и јас кога слика нема, па не можам во инстаграмот Доручек: авокадо, банана, јаболко и гоџи-бери. Ручек: телешко месо, батат, леќа, морков, кромид и маслиново масло. Вечера: круша, јаболко, суви сливи, цејлонски цимет и овес.
Во врска со стоењето на кашички една пријателка ми кажа и така направив за одмор кога бевме а и во иднина ќе правам. Се изблендирав ставив во теглички од ајвар и на шпорет да вријат да се вакумираат. Кога требаше да и давам пола подгревав во топла вода другата пола во фрижидер за утредента. Мислев нема да ги сака а она изеде дупли од тоа што и давам дома .
Pojadok: integralen kus kus, nektarini, slivi, jabolce, puterce staviv vo kus kusot. Rucek: misirkino, boranija, lukce, tikvicka, modar, malku kompirce, puterce, morkov sto se varese vo mevceto. Denes staviv poveke mevce. Neka ruckaat Vecera: Hipp nokna kasa so griz, jabolce, praska, vkusna e.
Д: Праски, малини, мусли и маџун Р:Боранија, телешко, лепче, патлиџан, лук и морков В:Проја со јогурт И овошни вака?
Д: Просо, ананас, банана, аронија, една урма и кокос Р: Пастрмка, компир, кромид, тиквичка, магдонос и брокула. Додадено и домат потоа В:Вечерите се досадни Палента, путер и к.млеко
Појадок: Домашно чоколино: Гриз, какао и мед. ( Многу вкусно мали го обожава) Ручек: Компир манџа. Вечра: Попара со кисело млеко.
Да ја сефтосам темата и јас Појадок: хип со слива, банана, јаболко и пченка. Ова ни е неделен појадок стандарден Ручек: телешко, боранија, морковче, кромид, маслиново, а се мислам и мала китка карфиол да ставам и магданос. Вечера: ноќна каша на хип со бисквити и јаболко (прв пат и денес е глутенски ден ) Ваљда ќе ја бендиса.
Ноќната на хип со јаболко, бисквит и путер ни е омилена. Прва каша што ја излапа во еден здив цела количина му беше оваа.. На здравје нека и е, мислам ќе ја бендиса.