Не ми ,,звучеше'' баш како да само се едуцираш, повеќе како осуда ми беше... 4 оброка?!?! Ќе му го пришири желудничето! Ако погрешно сфатив тогаш се извинувам, ќе се потрудам друг пат да не доаѓа до такво недоразбирање. Иначе не сум прочитала ништо, нити пак сум прашала педијатар. Спонтано беше да дадам ужинка. И не мислам дека ќе направат проблем тие 50гр. Дури сметам дека и непотребно се докажуваме, ама ај. Ако јаде 300 - 400гр во оброк секако не би дала, тек тоа би проширило желудник , а можеби и не, кој знае! Мојата беба ( 9+) јаде околу 200гр оброк, ужинката од неколку лажички дадена помеѓу оброците како што погоре пишав не менува ништо. Плус денес и вчера дадов во парченца, се учиме и да џвакаме. Мала количина е, ама добро е бебо да осети и друга текстура на храната, не само кремкаста. Бавно јаде а со тоа и малку, па затоа е ужинка! Значи се водам по детето! Исто правев и со поголемата ќерка, која супер јадеше и напредуваше. Ете ја 4,5 години нит е склона на гојазност, нити проблем сме имале со желудник. Сеуште е со здрави навики на јадење , оброци, ужинки се како што еден родител би посакал. Денешното мени: - доручек - јаболко, цреши, слива, хип житарици и маџун - ужинка - тиква - ручек - телешко, морков, праз, грашак , путер - вечера - Хип ноќна ( најверојатно таа со јаболкото)
Кога пишувам од работа секогаш пишувам по збор, два да не ми летне мислата Давам и јас грозјенце или мандаринче да учи да грицка, ама не го водам ко ужинка. Тренинг
Одкако ќе ја нахранам малава седнувам јас да јадам. Вришти да касни леб се треси дури не дадам,иако е прејадена. И давам малку,очина и светкаат од среќа ко кизнај што да сум дала и среќно шлапка. Д:Круша,јаболко,какао,маџун,гриз,семе од коприва. Р:Телешко,тиквичка,брокула,домат и црн домат+путер. В:Јогурт со лебче или двопек.
Јас обавезно давам крајот од лебот за да можам да доручкувам, не оти го јаде како куче го држи во уста и шета на крај го фрлам утоп мокро, некогаш ќе изгрицка мал дел.
Д: Дуња,јаболка, тиква и гриз Р: Мисиркино, пиперка, компир, морков, кромид и путер В:Овошен јогурт Јогурт, слива, вишна и банана за блажина и густина Ако е течно ќе додадам овесни
Снегулка, како воведе путер? 3 дена со ред или директ во оброк? И како го даваш? Наместо маслиново масло, пример, додека се вари зеленчукот или..? Кукла, како го воведе двопекот? И како го даваш? Издробен на ситно со киселото млеко?
Јас му имам воведено на синко глутен, значи можам и двопек. Иситнет на парчиња со кисело млеко, така?
Јас не го ситнам. Го ставам во чинија, ставам к.млекце и за кратко омекнува. После со лажиче само го разделувам.
Аха, добро. А дали и на ист начин даваш и леб, или не даваш леб на бебе? Исто така ме интересира како го воведе киселото млеко? 3 дена по ред?
Леб сум дала еднаш само. Со пилешка супа. Ама исто би го правела. Кога ќе омекне леснк ќе се направи како кашичка. Не воведував 3 дена. Бар таква ми беше намерата. Ама бебе не го бендиса првите неколку пати и по малку касна. Ама кога го бендиса, не знае за доста
Д:Гриз,авокадо,крушка,вишни, банана,кокос,маџун (од се по малце) Р:Тиква,тиквица,компир,морков, путер В:Овес и јогурт
Извини што ке се измешам, ама да кажам јас како го правам и ептен убаво испаѓа така и побрзо ми е. Во кеса за замрзнување го ставам и со сукало го поминувам, ако немаш сукало, со чаша некоја можеш. И бисквити вака дробам.
Вчера *доручек: јаболко, круша, пченка *ручек: ориз, брокула, телешко, кромид, маслиново Денес: *доручек: тиква, пченка *ручек: ќе биде компир, морков, карфиол, телешко мини парченце, (вчера многу некако сварив, цело не го ставив), кромид, маслиново
Денешното мени: - круша, банана, слива, хип житарици, сок од калинка и маџун - жолчка, боранија , пченка, морков, кромид , путер - варен компир со сирење Идеи за врчера ич немам. Ова со двопекот од кога е? Треба на нешто да обрнам внимание кога купувам двопек или? @mariz @Blossom_ путер ставам наместо маслиново м. Несолен путер Президент. Го ставам пред да блендирам. Ставам малку ,мало лажиче едно.
Можеш, чим имате глутен воведено веќе може и леб и двопек Инаку јас без сол зимам, а гледам еве советуваат и без палмино масло. Ако може некој и да објасни зашто... на тоа не сум обрнала внимание...