7+ Д: Млечна холе од спелта плус јаболко и авокадо Р: Батат, морков, пашканат, пилешко и маслиново Мали ми зафркава со ручекот деновиве, не сака зеленчук, затнал уста не отвара за жива глава. Изигравам кловн за да ставам некоја лажица едвај, ни песни ни чуда не помагаат Се надевам период е па ќе му мине, живци искинав
9+ Вчера Д: јаболко и кајсии варени + Хип комбинирана житна каша. Р: супа со телешко, брокула, кромид, целер, тиквица, морков + кришка леб В: палента и јаболко Денес: Д: јаболко и модри сливи варени + Хип комбинирана житна каша Р: палента со спанаќ и жолчка За вечера планирам јаболко, банана и бисквити на Хип.
8+ Д: палента, јогурт Р: бејби биф, ориз, брокула, карфиол, тиквица, лук, маслиново В: гриз, ад, круша
9+ Д: јаболко и кајсии варени, банана, кисело млеко и просо Р: телешко со брокула, тиквица, целер, компир и маслиново + кришка леб В: гриз со банана и јаболко
Вчера: јаболко, банана, 3 лажички житарица. Денес: морков, карфиол, пашканат, кромид Утре: зелена пиперка полнета со ориз (ќе проба пиперка првпат, полни 7 месеци).
Еве како ја подготвив: Динстав на водичка половина морков, тркалце кромид и тркалце пашканат, па додадов 3 лажички ориз. Ја наполнив пиперката и ја оставив да лежи во тенџерчето со уште малку вода и да крчка 30тина минути на среден оган. Оладено кога ќе е, ја излупив пиперката и ставив половина од неа + од зеленчуците наоколу. Блендирав со две три капки маслиново. И се допадна на малата.
Денес почнавме со втор оброк. Ручаше пире од компир и морков, со тркалце кромид и неколку листови спанаќ. Воодушевена беше. Вечераше три лажички житарки со водичка од компот од кајсии и една кајсија, блендирано. Утре планот е: Ручек - ориз со кромид и пашканат Вечера - палента со јаболко
7+ Д: јаболко, банана, суви сливи и овесни снегулки со ад Р: блитва, морков, карфиол, ориз и несолен путер В: (почнуваме со трет оброк) палента со ад
Д:Јаболко,круша,банана и овесни снегулки Р:Компир,морков,пашканат,тркалце кромид,спанаќ и несолен путер
7+ Д: јаболко и праска со круша со палента Р: бејби биф, морков, сладок компир и тиквичка В: 1/2 банана со овесни снегулки и ад
7+ Ручек - карфиол, морков, лист спанаќ, кромид и тиквичка Вечера - просо со банана и кајсија од компот Утре Ручек - палента со брокула и лукче Вечера - ориз со компот од крушка
Dorucek: mlecna proso sliva borovinka i malinka Rucek: pileska supa so leb ( lebar majkin) Uzinka dinja i jabolko Vecera: palenta so zdenka