Така испадна Почнав со бранч кога јадеше еден оброк (накај 12-13ч), втор воведов вечера, накај 18-19ч, и појадокот излезе последен да го воведам, зошто наутро се буди во 7-8, пие млеко и си играме, па ми презаспиваше и го прескокнувавме тој дел. Сега ќе преместам саатница само за другите два оброка. Немало некоја посебна причина инаку
8+ Вчера Д:Мешани житарици (Hipp) со банана Р:Телешко,батат,млад кромид (перцата) тиквица,ориз и путер В:Палента со кисело млекце Денес Д:Нестле житарици Р:Спанаќ,праз,авокадо и тестенини В:Овес со некое овошје
Денес: Д: гриз, банана и кајсија Р: ориз, кромид, тиквичка, модар патлиџан и 1 коцка бујон В: палента со јогурт
Денес Д: банана, јаболка и житарки Р: кромид, тиквица, компир, брокула, жолчка В: ноќни хип бисквити со тиква
Вишни има? Или замрзнати даваш? И ова оризов холе, само ги дотураш лажичките во зеленчукот или го подгорвуваш со млеко? Јас некако очекував баш каша а ми излезе како јогурт и го фрлив
Вишни имав дома домашни замрзнати, а оризот го правам само со вода во чинија турам од оризот па потопувам со вода со лажиче мешам, зеленчуците, месо посебно ги блендирам во нутрито и на крај кашата од оризот ја турам во чашката со зеленчуците и уште еднаш блендирам многу кратко колку да се соедини смесата. Убаво излегува и густо.
7 месеци Денес Д. Палента со банана У. Јогурт од праска хумана Р.супа со пилешко В.гриз ПС: ако може да ги пишуваме и за колку месеци се мислам дека ке биде од голема помош
7+ Д: мултижитарки хип, јаболко, сливи, вишни, пола банана Р: амарант, брокула, тиквичка, цвекло, кромид, маслиново м.