Здраво мајки, 8+ сме, денес дадов 1/8 жолчка, сега утре пак треба да дадам или.. како е начинот на воведување?
Јас давам два пати неделно кога нема месо. Утре ако имаш месо, задутре ќе дадеш пак. Па другата недела 1/4 исто два пати во неделата. Потоа 1/2
8+ месеци Д: житарки, слива и крушка Р: телешко, ориз, компирче, боранија и млад кромид В: ноќна на Хип
Мали изгуби апетит едно време па немав мерак ни да пишувам.. Полека се враќаме у нормала 9+ Д: Тиква на пареа, варени суви сливи, банана и просо. Р: Бејби биф, компир, цвекло, млад кромид и лук В: ќе е 5 житарки со кисело млеко
8+ Д:Просо со слива,банана и ц.цимет Р:Телешко месо,млад кромид,цвекло,морков и пиперка В:Двопек,кисело млеко,авокадо и тркалце банана за блажина
8+ Појадок: интегрален ориз, слива, вишна и јаболка Ручек: леќа, компир, карфиол, кромид и лук + лист блитва Вечера - житарки со вода од компот од слива.
8+ Д: житарки со додадена готова каша од праска Р: жолчка, малку компир, тиквичка, спанаќ и ориз В: палента со кисело млеко
7+ Д: гриз, тиква и малку ад Р: ориз, цвекло, тиквичка, грашок @Chanell* каков е тој цејлонски цимет и од каде се набавува? Прв пат прочитав за него во апликацијата на бебе готвач.
Јас од Зегин го земав, околу 100ден беше. Купив и уште еден Био Космос околу 300ден. Многу подобар е вториов.
9+ Вчера: Д: Овесни потопени во јогурт, авокадо, банана и јаболко Р: Жолчка, ориз, тиквица, морков и брокула В:Ноќна хип Денес: Д: Палента, цвекло, круша, банана Р: Бејби биф, компир, грашок, кромид и лук В: Кисело млеко ќе е со некоја житарка, може и двопек да пробам не сум дала до сега
Ставам вода да зоврие, од око истурам од оризот и мешам со вода се додека не стане мазно. Или во блендер ставам овошје/зеленчук зависи што ќе јаде бебе, налевам водата кај што се вареле намирниците,ставам 3-4лажици ориз и блендирам додека не стане хомогена смесата.
Денес Појадок: пченкарни макарони со варен кромид, морков и лук Ручек: киноа со лук, пашканат, кромид, тиквичка и 2 коцки бујон Вечера: житарки со готова каша од круша и слива
Како правите домашни сокчиња за бебушки,ние сме 10 месеци. Јас му варам сливи,вишни,јаболче, крушка, па му ја давам водичката. Некој друг предлог?
Го варите ли овошјето? Пр. Јаболка, круша, слива? Јас се варам освен банана и авокадо па не знам колку ми е памртно, веќе сме 8+