8+ Појадок: круша и праска Ручек: црвена леќа, пашканат, малку лукче и цела жолчка. Ручекот многу не ми го бендиса бебе, сува му беше леќата. Нареден пат ќе додадам тиквичка или модар домат
Ние сме 7м, сакам да и дадам домат за ручек. Алерген ли е? Да почнам со малку или? Сакав да направам како летна манџа со пиперка и лукче.
Според мојава табела од педијатарот доматот е 9+. Јас утре ќе дадам, отстранив лушпа, многу малку и ставив. Го комбимирав со модар домат, брокула, пиперка, кромид.
8+ Појадок: лино кекси, банана, праска, цреши и круша Ручек: телешко, компир, кромид, праз, пиперка и малку пашканат
8+ Појадок: авокадо и круша Ручек: батат, тиквичка, кромид, модар патлиџан и телешко месо Вечера: ноќна каша на Хип, банана и семолина со млеко Појадок: праска, сливи и просо Ручек: црвена леќа, лук, морков и телешко месо Вечера: млечна каша со овес и јаболко Појадок: овес, банана и кисело млеко Ручек: боранија, морков, кромид, пашканат и телешко месо Вечера: млечна каша со спелта Појадок: јаболко, круша и гриз Ручек: компир, пченка и мисиркино месо (каша на Хип) Вечера: ноќна каша на Хип, јаболко, праска и житарки Појадок: диња, нектарина и кисело млеко Ручек: жолчка, палента и малку банана Вечера: млечна каша со бисквити Појадок: овес, кајсии и круша Ручек: грашок, морков, патлиџан и пилешко месо (каша на Хип) Вечера: ноќна каша на Хип, банана, гриз и какао Појадок: јаболко, сливи и просо Ручек: ориз, блитва, кромид, пашканат и телешко месо Вечера: млечна каша со житарки Ете неколку комбинации кои ги јадеше бебо мој деновиве
Мајки, кога го воведовте вториот оброк, дали одевте пример млеко, каша, каша па потоа млеко до крај на ден?
Дали кога воведувате нова намирница во јадењето, ете пример пиперка, ја давате исто неколку дена како на почеток или не мора? Сакам да воведам повеќе работи, па ме интересира како го правите тоа?
Да, го варам заедно со другиот зеленчук. Сега дури видов дека си ме тагнала, извини 9+ Појадок: гриз, банана и какао Ручек: жолчка, блитва, морков и тиквичка Вечера: млечна каша со јаболко и овес Појадок: овес, круша, праска и слива Ручек: боранија, компир, кромид, лук и телешко Вечера: кисело млеко и палента
Појадок: Овес, јаболко и праска Ручек: Компир, тиквица, цвекло, кромид и телешко месо Вечера: Млечна каша со банана и житарки (Хумана)
Денеска воведувам црвена леќа. Ја измив добро, дури првата зовриена вода ја фрлив за секој случај. Но, пак како што се вари ми пливаат едни кафенки како лушпички. Гледам дека има нешто такво на самото зрно и веројатно кога ќе се отвори тоа излегува. Нормално е ова? Никогаш порано немам готвено црвена леќа па затоа. Инаку ја зедов од Кам маркет. Добра е таа? Ставив леќа 4 лажици, морков, кромид и телешко. Се надевам добра е комбинацијава.