Земав од ДМ био некои, еве слика Инаку една лажица овесни снегулки ги потопувам во топла вода да омекнат, ги цедам, додавам јогурт и пасирана банана.
Печена тиква и кајсија(купечка на хип) и се мрштеше некако додадов и од нејзината омилена (круша, банана, манго на хип) едно лажиче и маф направи
Што мислите за ова? Дали би било ок доколку им спремаме за 2или3 дена оброк пред време да напоменам кога ќе почнеме на работа да одиме
Не е ок затоа што овошјето ќе оксидира, зеленчукот ќе пушти вода е месото варено ќе остане во добра кондиција но во допир со зеленчукот незнам на што ќе личи. Јас преферирам тазе подготвена храна или евентуално спремена од вечер за утре ама и ова зависи што се спрема како на пр. спремено пире да го оставиш за утре не ми се допаѓа доколку на пр. бел ориз со пилешко ќе стои, грашок со телешко ќе стои...абе што се замараш нека му ја мислат тие што ќе ги чуваат кога ќе појдеме на работа
Здраво мајки лепотици Печена тиква и печено јаболко блендирано ми испадна волку... И цело го изручка ама приметив сака ладни додека беше млако и дадов несакаше излади и ја изеде туку додека и давав ми чкрпкаше на лажичето кога ќе фатам имаме запче а вчера направи 5м...ми порасна бебето..
Да ја активираме темава Јас вака ке си водам евиденција, воведовме и втор оброк 7+ Вчера 1 оброк - палента и банана 2 оброк - карфиол, тиквица и маслиново Денес 1 - палента и јаболка 2 - компир, морков, телешко, кромид и маслиново
Здраво мајкии , ајде и јас да се уклучам малку во оваа тема бебка за две недели полни 7 месеци, до сега има пробано: банана, јаболко, круша, слива, праска,авокадо, батат,морков,пашкант,тиква, тиквица, брокула, карфиол, ноќна каша на хип, беби гриз и каша хељда на хип.... што може плус да воведам палента немам дадено а сакам да дадам но незнам каква, исто и ориз? Јогурт или кисело млеко какво давате? Засега сме со појадок и ручек кога да дадам вечера?
10+ Д: овесни, банана, авокадо и јогурт Р: леќа црвена, лук, компир, тиквичка, домата и изварка несолена В: инстант ноќна каша од Hipp
11+ Д : банана со киноа, испасирано. Р : тестенини во сос од варена тиквичка плус коцка крем сирење. В : ќе пробам да му дадам кисело млекце со лебче, ако не сака, моцарела.