П:Гриз и јаболкце Р:Компир,морков и кромидче Успат пивнавме сок од јаболко и банана . Не виде нас како пиеме па мораше да проба и мажот. Туку сакам да прашам дали кога велиме дека имаме два оброка појадок и ручек , може да биде ручек и вечера ?
Вчерашно мени П: палента со 1/2 жолчка Р: ориз, брокула и морков В: печено јаболко ( вчера првпат воведов и вечера) и убо си го изеде цело јаболче Само за вода нз дали ме прочитавте во Воведување на цврста храна, не знам отприлика колку треба да пие.. Иначе денешно мени П: палента со кисело млеко Р: компир, морков, кромитче и Грашок А за вечера планирам В: овесни снегулки, кисело млеко (малку) и круша
Гриз со јаболко и круша. За ручек дадов неколку лајчиња батат варен. Инаку @Makedonka007 и јас ова се прашувам. Мојата пие околу 40-50 мл
Јас варам гриз исто од око ставам и гриз и вода и го мешам со претходно изблендирана круша или кајсија од компот. Денешното мени: П:Круша и џиџи бебе бисквити Р:Тиквичка , морков и кромид (морковот и кромидот ми се основни во секоја комбинација)
За ручекот како го даваш киселото млеко? Мешано со зеленчукот или посебно? И простото колку го вариш? Утре сакам да дадам
Почнав да пасирам па го мешам киселото млеко со зеленчукот за да му биде полесно за жвакање, зошто оставам и поголеми парченца. Просото го варам 20тина минути може и помалку. Не го киснам од вечер, убаво го измивам и го ставам да се вари. Слично како оризот го правам.
Јас го пасирам веќе некое време зеленчукот. Денес компир, морков, кромитче и брокула се испасирано и малку како што ставам и од водата си има и многу уба смеса иди, нема потреба од кисело млеко. Бебе мое смешки ми праеше на почеток, ако некое морковче и беше големо за голтање со јазиче го вадеше на брадата хахах така повеќе пати, прво се чудев после и ја сфатив поентата, паметна на мама Фала за просото, утре ќе пробаме
Вчера Д: амарант со слива Р: телешко, цвекло, лук,црвена пиперка В: каша од гриз,какао,малку несолен путер,банана,вишни
Појадок повторно крушка блендирана Ручек печена црвена пиперка за прв пат со морковче и компирче Малку офф: Колку воведувањето на дохраната влијае на какањето кај вашите мали ? Има денови кога ќе си се олесни потечно, а има денови кога се мачи при какање а на крај ќе се искака ептен малку а суво.
Вчера П: гриз со слива Р: боранија, морков, тиквичка и телешко В: Хип ноќна каша - гриз со јаболко и праска Денес: П: тарана со урда и 1/8 жолчка Р: блитва со ориз и к.млеко В: овесни снегулки со вишна, банана и лажичка какао 8+
Јас сеуште давам по 50 грама од ручек. Месо јаде 3-5 пати во неделата. 11+ П:Јаболко, касија со овесни, јачменови и р'жани снегулки У:Овошен јогурт (банана, малини, вишни и јогурт) Р:Тиквица, батат, карфиол и киноа В:Инстант млечна каша на Хип од пченка, јаболко, банана и суви сливи