9+ Д: кајсија слива и пченкарна хип каша Р: телешко месо со грашок, морков, кромид, малку целер и домат В: овесни, 'ржани, јачменови снегулки со јогурт
9+ Д. Банана,јаболко и цреши Р. Телешко месо,батат,карфиол,тиквица,кромид и маслиново масло В. Тарана со урда и к.млеко
П:Чоколино У:2 џиџи бебе Р:Спанаќ, ориз, жолчка, к.млеко У2:Ако сака да апне од нашите печени компири В:Ќе блендираме кајсии со житарки
9+ Д. Круша и банана У. Бисквита ( само ј држи во раче и ја јаде до крај ) Р. Компир, морков, кромид,пиперка и мисиркино месо В. Лепче со кисело млеко
Каква здрава ужинка давате на бебе од 9-10 месеци? Досега имам дадено само бисквита и банана ако во појадокот немало банана. За брзо тргнувам на работа па бебе ке има потреба од ужинка бидејќи нема да цица пола ден.
Денес во зегин и зедов солени грицки од тиква и морков. Има повеќе сорти. Ние не сме почнале со ужина ама да се најдат. Исто има и десерти на хумана и Нестле и зедов Еве слика Ги зедов кога ќе сме надвор да има што да И давам. Можеш и авокадо како бананата. И моево во раче си јаде лепче, смоки Лино И бисквити. 9+ Д: круша, јаболко, праска, хељда Р: готова зеленчукова каша од холе со пилешко месо В: гриз со банана
Денес мали мислам се претапани. Се надевам ќе има и понатака добар апетит. П:Круша со палента П2:Јадев леб и павлака па ми правеше и мене друштво, стегна пола срединка У:Џиџи бебе Р кај баба: Златна мешавина плус ориз и компир неблендирани Р дома: ориз со копани , неблендирани У:Смоки лино Вечера освен цице не му понудив ништо оти мислам доволно му беше цврст оброк за денед
Фала за идеите, само за десертите ме интересира дали се без шеќер. Порано за големиот имам купувано кога бил на возраст од годинка, ама мислам со шеќер беа. Од тогаш има поминато многу години па можеби овие се сега без шеќер прилагодени за возраста на нашите бепки.
8+ Д: диња , 5 цреши и пола банана Р: пилешко месо со компир, морков , пиперка плус малку леб В: бисквитна крема
9+ Д: киноа, вишна, круша и праска Р: леќа црвена со пиперка, кромид и компир надробено лепче В: хип млечна каша со банана и житарки
П:Чоколино У:Лино флипс Р:Палента, брокула , кромид и павлака У:Корка леб од цело пупче домашен леб В:Круши блендирани со ад Земав за проба ад Babylove од Дм , не ми го сака за пиење. Прв пат ставив денес со крушата , дали можам барем така во каши да го искористам ?
Мислам да зошто да не. Јас АД само во каши можам да и подметнам. Чисто АДмлеко никако. Шише само за вода. Ни молзено не сака од шише. И мојата напротив само од дм Бејби лов го јаде во каши. Сите други ги продава и ги фрлив
Автокоректорот на тел ме убива. " Сите други АД ги пробав не продава" Последната реченица сама се корегирала. Многу пати резил ме правине замерувајте
9+ Д: авокадо, банана и слива Р: телешко месо, брокула, кромид, компир, тиквите и ориз В: палента варена со изварок и кисело млеко
9+ Д. Холе каша јаболко,круша и спанаќ Р. Жолчка, компир,морков и брокула В. Палента со урда и путер (ја плукаше) па чоколино