Јадна мајка зијан да не оди, да не се фрла , ќе си прикасни. И после мајка никако да ослабе. Мала шала
Д: Банана, цреши и киселo млекo Р: Батат, карфиoл, лук и пиперка И jас денес истoтo ќе прашав какo @Sofi.ja мнoгу ми испадна ама фрлив. Леле веќе немам идеа штo да давам. Предлoг сирење сo штo мoжам да кoмбинирам?
несолена урда со тиквичка+лук компир+путер кисело млеко+грашок+морков цреши , авокадо , макарони за сега овие ми се запишани
Генерацијо: @Мариаа. @Mia Fuentes , @Septemvri @Yowannty , @The Unicorn, @PoisonGirl , @marchi-cool не дочекав 10 месеци, бидна рибата. Кога патронажната ми рече дека Омега 3 перли и капки даваме од раѓање, па риба слободно да давам, многу е здраво за бебешкото мозоче, решив. Просто бебе воодушевена беше. За прв пат не изблендирав. Со лукче и др зеленчуци превкусно. Сега бебе е како подвижно мајсторче избегано од кафеана.  смрди на лук Рибата ја иситнив со рака и така ја изеде а зеленчукот го испасирав со вилушка - слика во Инстаграм темата има. Вечерва и направив солени вафли со блитва и дадов со намаз АБЦ јуниор-рецепт сличен од бебе готвач за 10 месеци. Само намалив количина бидејќи немам дадено цела жолчка и искрено по тие рецепти многу количински доаѓа. Излапка со залаци макани во кремот. Џвака како голема иако нема заб @Yowannty и јас не давам цела жолчка, сеуште. Др ми рече кај 11 месеци да зголемам до цела жолчка бидејќи железото и е Супер. А за риба имам дозвола од педијатар, баш ќе кажеш тебе што ти рекоа @Sofi.ja имам пријателка која зеленчук освен компир и житарки варени дава нареден ден. Овошје не. Јас не практикувам. Секогаш правам до 200 гр и 30-40 гр од оброкот фрлам или јадам. Сигурно од бебе готвач е рецептот бидејќи таму стварно е голема количината на намирници. На пр за вафли 2 жолчки се премногу за 10 месечно бебе. Јас 1 ставив и дојдоа 2 вафли по една за бебе и синко. 9++ Д: слива, 1/2 кајсија, 1/2 круша и хип 5 житарки со слива Р: ослич филети варени со лук, брокула, морков пашканат и 1 пајче ориз. В: вафла од: брашно( интегрално) , јогурт, 1 жолчка, 4 листа блитва, урда, путер и вода. Ги дадов со АБЦ намаз.
Читам грав, колку месеци сте? Ние сме 11м денес зелка за прв пат ќе давам, со компир ќе ја комбинирам читав со скроб се комбинира и малку ким се додавало
Д: круша,јаболка,цреши Р: телешко, компир, морков, кромид + грашок(прв пат) В: палента со кисело млеко Малку ми е шубе за ручекот што остана од вчера,па ќе го фрлам
За неколку дена сме 10 месеци. Прв пат дадов грав , ама не давам пак во скоро време , вечерта имаше тежина на стомачето, неможеше да спие од грчеви. Пред да ставам запршка и зачин тргнав на страна за него, со сласт си изеде , ама ќе почека за друг пат. П:Круша и Ад У:Чоколино Р:Пилешко со зеленчук , готова каша Бејбивита У:Цреши В:Лепче со кисело млеко
Д: киноа, авокадо и цреши. У:хипп бисквити Р: телешко, карфиол, кромид, лук, батат, м. масло. В: палента и к. млеко.
Мени - Немајка едшн П: Хип готова каша житарки со јаболко и банана Р: Дм Био готова каша со леќа и мешани зеленчуци + 1/4 жолчка В: Хип инстант каша житарки со слива
9+++ Д: авокадо, банана и Урма Р: грав, кромид, домат, морков и тиквица В: гриз, праска и јаболко @Мецаа91 јас втор пат давам грав и два пати леќа имам дадено. Ептен ги сака и немала тежина до сега. Од вечер ги киснам и во друга вода ги варам.
@The Unicorn ќе ме пукнеш ти @Presrekna аааа снашка почнала грав да јаде, браво ние уште ништо не сме пробале. Само леќа, месо, жолчка и зеленчук му вртам за ручек. Кажи ми каква риба даде?