Хахаха јас раѓам деца кои не сакаат блендирано и еднолично. Дадов ослич филети. Од Стокомак зедов на Метро. Обично тие ги користам и за нас. Ја сварив прво рибата па додадов зеленчук и лукче. Бидејќи беше 100 грама и оставив за утре со компир ќе дадам. Храни го зетко убаво, да ја чува ќерка ми
8+ Д: Просо со урда, круша и банана Р: Боранија, компир, морков, тиквица, лук и телешко месо В: Гриз со праска
Д: јабокло, банана, боровинки Р: телешко со цвекло морков и кромид В: инстант млечна каша од спелта @Presrekna нашиот педијатар има пишано риба 7+.. Ја планирам на 8 да дадам.
Д: житарици, тиква и јаболко. У:банана и цреши. Р: блитва, жолчка, кисело млеко и ориз. В: леб со намаз.
Како даваш ужина? Како оброк? Пасираш или лупиш и даваш сам да јаде? Мојава, храна сама не носи во уста не знам што ќе праам. Почнав да давам цеден сок само, оти кога ме гледа дека пијам ќе се потепа да ми ја земе чашата и чаша е единствено нешто што носи до уста а е поврзано со храна.
Банана му давам парче и сам ја јаде, исто и смоки или бисквити. А цреши или јас му давам или му ставам во таа цуцла што е за да му тече течноста додека шмука. Не е како оброк, му давам по малце, зошто и послабо цица сега па да мезне нешто. На пр 4,5 смоки или пола банана. Јадете пред неа да ве гледа, и она ќе сака да проба. Јас го седнувам во хранилка до нас на маса, и му оставам парчиња, и сам си зема и јаде додека не гледа.
Секогаш е на маса до нас, и кога сме сами јас јадам пред неа. Ич не посегнува по храна сама. Месец дена како за ручек обавезно и давам едно чинивче и лажичка за неа и пред неа за сама да пробува ама ништо од тоа. И таа цуцлата за овошје ич не ја сака. А за се друго имитира. Се знае да отвори, капачиња на шишиња, да извади дел од играчка се друго имитира освен јадењето. И давам на пример лепче отвара уста, и ставам пред неа сама да си земе ги фрла трофчињата долу. Не знам што да праам...
Кај нас обратно. Не јаде многу, ама ако види некој да јаде или пие веднаш го напаѓа со 'ржење и шлапка со устето. И јас немам дадено ужина, ама цица меѓу оброци И си велам може И подобро. И др ми рече вака да терам. Банана и бисквити како зетко на @Мариаа. сама јаде и варена брокула, лепче, а смоки дефинитивно не сака. 9+++ Д: цвекло, јаболко, праска и палента Р: риба ослич, компир, лук и брокула В: некоја млечна каша до АД
П:Круша , банана , ад У:џиџи бебе Р:Тиквица, морков, компир, кромид У:Вишни В:Ноќна каша од јаболко и житарки на Хип
Ама само парчиња оставај. И мојов не знае со лажица што да прави. Во чинија само парченца и ќе се научи. Нешто меко како банана, бисквити што се топат лесно. Сега имаат заби нека џвакаат
Д: круша Р: пилешко со морков, модар патлиџан, тиквица, карфиол, малку боранија и млад кромид В: беби сутлијаш (ориз со ад)
Синко одамна појажува интерес за храна. Сам умее само смоки да јаде. И парчиња да става во уста и од рака да грицка. Ама затоа другите оброци мора да се целосно изблендирани и мазни. Ни банана со вилушка згмечена не сака. Се мора да е со нутри булет смелено или се дави и повраќа. Не џвака, само голта. Кога ке пројаде парчиња немам поим.
Оставам и парчиња не носи ништо во уста сама. Мислам се носи во уста освен храна. За џвакање си џвака. И имам земено специјални грицки исто, да и крцкаат. Се додека јас и давам ок, сама никако. Се гади, одбива. Банана и така нејќе, ми проаѓа само измешана со нешто друго. Не дај боже кива да и дадам да допре, па такви драми праи кенка дур не и ја тргнам. Цреши исто. Кога и давам јаде, а сама да допре нема шанси, само за да ја фрли што подалеку. Како тргнала ќе треба да ја ранам до 18.
Мојава не. Храна нема сама да побара јас ако не понудам. Ама затоа ако види чаша, одма напаѓа ко хиена. Ама и на цицка ми виси доста често. Не знам дали тоа има улога...
Има улога цицката. Денес кај 12 стана од прва дремка и секогаш цица. Од едната града се нацица, што ми требаше јадев љубеница, па како јастреб ме нападна. Со гризење изеде пола парче. И повеќе ни цицка сакаше, а ручекот едвај помина. После ништо не И дадов , па сега пред 2 дремка кај 16:00 убаво се нацица. Сигурно млекото ги држи И не бараат друго. А за вода исто посебно ако пијам од шише. Вика И бара на цел глас
Д: Babylove готова каша со јаболко, банана и двопек Р: Печена полнета пиперка со телешко, ориз, морков, кромид и домат В: Дм био готова каша со кекс